петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Интернет | 170 резултати

„Метаморфозис“ објави истражување за ефектот на новите технологии и ВИ врз човековите права

16 мај 2024

Новото истражување на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, покажува каков ефект може да имаат новите технологии и вештачката интелигенција (ВИ) врз човековите права на интернет. На 13 март оваа година Европскиот парламент со огромно мнозинство го донесе првиот закон за вештачка интелигенција (AI Act), а кај нас, по иницијатива на Фонд за иновации и […]

Милиони луѓе во Германија живеат целосно офлајн

10 април 2024

Закажување лекарски преглед, купување билет за воз, дури и закажување состанок со пријателите – денес луѓето прават речиси сè со мобилен телефон или компјутер. Во Германија, сепак, сè уште има милиони луѓе кои никогаш не се појавиле на интернет. Сè на сè, ова се околу пет отсто од германското население на возраст меѓу 16 и […]

Мемиња: јазикот на интернетот кој ги надминува културните бариери

31 март 2024

За интерактивна верзија од сторијата, кликнете на овој линк   Додека ги читав пораките и прашањата што пристигнуваат на страницата „Студентарија“ на Инстаграм, една ноемвриска вечер, внимание ми привлече порака од студент што се нашол „во тесно“: го изгубил пенкалото што една од неговите колешки-соученички му го позајмила за време на писмен испит. Заплеткан во […]

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер беа во прекин речиси два часа

5 март 2024

Технолошката компанија „Мета“ соопшти дека го решила „техничкиот проблем“ поради кој Фејсбук, Месинџер и Инстаграм беа недостапни речиси два часа. Стотици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до овие апликации, пренесува Би-би-си. Проблемите се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени беа и мобилните апликации, како и десктоп […]

Паднаа Инстаграм, Фејсбук и Месинџер

5 март 2024

Социјалните мрежи и апликации под технолошката компанија „Мета“ – Инстаграм, Месинџер и Фејсбук се во прекин ширум светот, оставајќи стотици илјади корисници оневозможени да пристапат до платформите. Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. Страницата „DownDetector“, која ги […]

Постепеното укинување на колачињата на „Гугл Хром“ почнува на 4 јануари

19 декември 2023

Како дел од својата тековна иницијатива „Privacy Sandbox“, технолошкиот гигант „Гугл“ веќе објави оти ќе започне да ги ограничува колачињата од трети страни во прелистувачот „Chrome“ (Хром), почнувајќи од првиот квартал во 2024 година, а сега е објавен и точниот датум: 4 јануари. За почеток, само еден процент од корисниците на „Хром“, по случаен избор, […]

Познати се најпребаруваните термини на „Гугл“ за 2023 година

18 декември 2023

Технолошкиот гигант „Гугл“ минатата седмица го објави својот годишен преглед на најпребарувани термини, кои ги следат главните прашања што ја одбележаа 2023 година. Податоците покажуваат дека луѓето ширум светот барале информации за нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел, како и за воената кампања на Израел што следуваше потоа во Газа. „Војната во Израел […]

Со пари од Светска банка поставена нова ИТ опрема во 40 училишта

6 декември 2023

Во 40 училишта во државата поставена е нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа, за да полесно ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). „Пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, […]

Речиси сите корисници на интернет во Германија стравуваат од хакери

5 декември 2023

Секој германски граѓанин кој користи Интернет е претпазлив од нападите на сајбер-криминалците, покажува вчерашната анкета на здружението Битком, пренесе германската агенција ДПА. Имено, 93 отсто од испитаниците од репрезентативен примерок рекле дека се чувствуваат загрозени кога ќе сурфаат на интернет. Огромно мнозинство од 87 отсто проценуваат дека потенцијалните напаѓачи се дел од организирани групи, додека […]

Опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 училишта

5 декември 2023

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка, информираат од МОН. Оттаму додаваат дека во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку […]

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

3 декември 2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

Познати се најчестите лозинки во светот – потребно е помалку од една секунда за да се пробијат

19 ноември 2023

Компанијата „NordPass“ (Нордпас), која им помага на корисниците да генерираат лозинки и да ги чуваат безбедни, неделава ја објави својата годишна листа на 200 вообичаени и најчести лозинки во светот. За време на прибирањето на податоците, „Нордпас“ соработувала со независни истражувачи кои анализирале 4,3 терабајти податоци земени од јавно достапни извори. Компанијата соопшти оти не […]

Интернет имаат 88% од македонските домаќинства, најмногу го користат за видеоповици и допишување [инфографик]

19 ноември 2023

Вкупно 88 отсто од македонските домаќинства имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2023 година. Видеоповици, учество во социјални мрежи и испраќање на инстант пораки, се активностите за кои интернетот во земјава бил користен најмногу. За десет години, бројот на домаќинства со пристап до интернет […]

Младите киснат на социјални мрежи, а 10 отсто од домаќинствата немаат интернет

10 ноември 2023

И во 2023 година, 10,5 отсто од македонските домаќинства немаат пристап до интернет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Процентот на домаќинства кои имаат пристап до интернет изнесува 88 проценти и е најголем досега, споредено со претходните години. Најголемиот јаз во користењето на интернетот постои кај различните возрасни групи. И додека не постои […]

Згаснува „Omegle“ – популарната страница за видеoразговор

9 ноември 2023

По 14 години и по низата случаи на пријави за злоупотреба, популарната веб-страница за видеоразговори во живо „Omegle“ (Омегл) се гаси. Страницата се спомнува во повеќе од 50 случаи против педофили во последниве неколку години, пренесува Би-би-си. Основачот Леиф Брукс во изјава која сега стои на почетната страница на сајтот вели дека работењето на „Омегл“ […]

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

8 ноември 2023

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на […]

Изложба „Дигиталниот свет, стапица за личните податоци“: Внимавајте кога на интернет ви се нуди нешто бесплатно

25 октомври 2023

Корисниците на дигиталните алатки мора да бидат внимателни за тоа како ги користат своите податоци во дигиталниот свет, беше пораката на мултимедијалната изложба „Стаклена соба – дигиталниот свет, стапица за личните податоци“, организирана од Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, пренесува Порталб.мк. Изложбата ја отвори Билјана Петковска […]

За некои Германци интернетот е луксуз – 2,6 отсто не можат да си го дозволат

12 септември 2023

Во Германија сè повеќе луѓе си признаваат на себе дека не можат да си дозволат користење на интернет. Минатата година тоа било случај со 2,6 отсто од граѓаните постари од 16 години, пишува германската новинска агенција ДПА. Германскиот завод за статистика денеска соопшти дека една година претходно, во 2021 година тој процент изнесувал 2,2 отсто.Минатогодишниот процент […]

Мрачниот свет на православните инфлуенсери: „Демократијата е алатка на сатаната“

31 јули 2023

„Демократијата е алатка на сатаната која е усовршена од Евреите и нивните родољубиви сојузници во тајните друштва за да преземат контрола над нациите, притоа дозволувајќи им на граѓаните да чувствуваат дека имаат избор во таа работа, држејќи ги послушни и неми“. Ова се зборови напишани од американскиот алтернативно-десничарски блогер и православен фанатик Руш Вализде, објавува […]

Холандија воведува забрана за користење смартфони во училиштата

6 јули 2023

Смартфони, таблети и паметни часовници ќе биде забрането да се користат во училиштата во Холандија, почнувајќи од 1 јануари в година, пренесе Си-Ен-Ен. Како што соопшти во вторникот холандската влада, ова се прави за да се ограничи одвлекувањето на вниманието додека трае наставата. Уредите ќе бидат дозволени за користење само во неопходни ситуации, односно во […]

Страна 1 од 9