За некои Германци интернетот е луксуз – 2,6 отсто не можат да си го дозволат

Германскиот завод за статистика денеска соопшти дека една година претходно, во 2021 година тој процент изнесувал 2,2 отсто

Photo by Solen Feyissa on Unsplash
Во Германија сè повеќе луѓе си признаваат на себе дека не можат да си дозволат користење на интернет. Минатата година тоа било случај со 2,6 отсто од граѓаните постари од 16 години, пишува германската новинска агенција ДПА. Германскиот завод за статистика денеска соопшти дека една година претходно, во 2021 година тој процент изнесувал 2,2 отсто.Минатогодишниот процент на луѓе кои не можат да си дозволат да имаат интернет во Германија е поголем од оној на европско ниво, кој во 2022 година изнесувал 2,4 отсто.

Меѓутоа, во земјите-членки на Европската Унија разликите се многу големи. Па така, 0,3 отсто од Финците рекле дека не можат да си дозволат да имаат интернет, додека во Романија тој одговор го навеле 9,1 отсто од граѓаните.