Милиони луѓе во Германија живеат целосно офлајн

Околу пет отсто од германското население на возраст меѓу 16 и 74 години, или 3,1 милиони луѓе никогаш не се „појавиле“ на Интернет, објави Федералниот завод за статистика

-

Закажување лекарски преглед, купување билет за воз, дури и закажување состанок со пријателите – денес луѓето прават речиси сè со мобилен телефон или компјутер. Во Германија, сепак, сè уште има милиони луѓе кои никогаш не се појавиле на интернет.

Сè на сè, ова се околу пет отсто од германското население на возраст меѓу 16 и 74 години, или 3,1 милиони луѓе, објави Федералниот завод за статистика, а пренесе германската новинска агенција ДПА.

Таканаречените „офлајн луѓе“ се претежно меѓу постарите лица – 15 отсто од возрасната група од 65 до 74 години. Кај луѓето на возраст од 45-64 години, уделот на офлајн корисници е нешто помалку од пет проценти.

Во најмладата група, на возраст од 16 до 44 години, само еден од 50 никогаш не користел Интернет.

Според овие податоци, Германија стои нешто подобро од просекот на Европската Унија, во која уделот на луѓето офлајн е шест отсто.

Најмалку офлајн корисници, помалку од еден процент, има во Луксембург, Данска, Холандија и Шведска. Најмногу има во Хрватска, 14 отсто, Грција – 13 отсто, а во Португалија и Бугарија по 12 отсто.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...