Паднаа Инстаграм, Фејсбук и Месинџер

Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите

Photo by Brett Jordan on Unsplash

Социјалните мрежи и апликации под технолошката компанија „Мета“ – Инстаграм, Месинџер и Фејсбук се во прекин ширум светот, оставајќи стотици илјади корисници оневозможени да пристапат до платформите.

Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите.

Страницата „DownDetector“, која ги следи прекините на интернет, покажува дека над 500.000 корисници досега во светот пријавиле проблем со Фејсбук, додека проблеми на Инстаграм пријавиле над 90.000 корисници.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.