понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Мета-Фејсбук | 39 резултати

Фејсбук и Инстаграм ќе ги означуваат видеата и фотографиите изменети со вештачка интелигенција

6 април 2024

Технолошката компанија „Мета“ – сопственик на Фејсбук и Инстаграм, вчера најави големи промени во своите политики за дигитално создадени и изменети содржини, пред изборите кои ќе ја тестираат нејзината способност да ги контролира измамничките содржини генерирани од технологиите за вештачка интелигенција. Како што пренесе Гардијан, „Мета“ во мај ќе започне со примена на етикетите „Направено […]

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат предмет на првата истрага според Законот за дигитални пазари на ЕУ

26 март 2024

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат под истрага за потенцијални прекршувања на новиот Закон за дигитални пазари на ЕУ, најавија европските антимонополски регулатори вчера, што може да доведе до големи казни за компаниите, објави Ројтерс. Новиот закон кој стапи на сила на 7 март, има за цел да ја оспори моќта на технолошките гиганти со […]

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер беа во прекин речиси два часа

5 март 2024

Технолошката компанија „Мета“ соопшти дека го решила „техничкиот проблем“ поради кој Фејсбук, Месинџер и Инстаграм беа недостапни речиси два часа. Стотици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до овие апликации, пренесува Би-би-си. Проблемите се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени беа и мобилните апликации, како и десктоп […]

Паднаа Инстаграм, Фејсбук и Месинџер

5 март 2024

Социјалните мрежи и апликации под технолошката компанија „Мета“ – Инстаграм, Месинџер и Фејсбук се во прекин ширум светот, оставајќи стотици илјади корисници оневозможени да пристапат до платформите. Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. Страницата „DownDetector“, која ги […]

Нови рестрикции на осетливи содржини на Фејсбук и Инстаграм за тинејџерите

11 јануари 2024

Гигантот на социјални мрежи „Мета“ најави дека воведува нови безбедносни мерки и рестрикции за тинејџерите – корисници на Фејсбук и Инстаграм. Рестрикциите го ограничуваат пребарувањето и гледањето осетливи содржини, особено тие поврзани со самоповредување и самоубиство. На пример, ако млад корисник се обиде да пребара нешто поврзано со самоповредување или булимија, тој нема да добие […]

Инстаграм и Фејсбук ќе ги означуваат политичките „дипфејк“ содржини

10 ноември 2023

Технолошката компанија „Мета“ ќе бара од политичките огласувачи да означат кога користеле вештачка интелигенција (ВИ) или дигитална манипулација во рекламите на Фејсбук и Инстаграм. Почнувајќи од јануари, рекламите поврзани со политика, избори или социјални прашања ќе мора да пријават каква било дигитално изменета слика или видео, пренесува Би-би-си. „Мета“ и досега имаше воспоставено политики за […]

Инстаграм и Фејсбук од утре воведуваат месечна претплата со која нема реклами

30 октомври 2023

Компанијата „Мета“ лансира платена претплата, со која ги отстранува рекламите од своите социјални мрежи Инстаграм и Фејсбук. Услугата од утре, 1 ноември, ќе биде достапна за земјите кои се дел од Европската унија (ЕУ), Европската економска област (ЕЕА) и Швајцарија. Услугата за социјални мрежи без реклами ќе се наплаќа 9,99 евра месечно за веб-верзиите на […]

Тужби против Инстаграм и Фејсбук поради повреда на менталното здравје на младите

25 октомври 2023

Матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм – „Мета“, во САД е обвинета за доведување во заблуда на јавноста околу ризиците од користењето на социјалните мрежи и за придонесување кон криза на менталното здравје кај младите, пренесува Би-би-си. Овие тврдења се изнесени во федерална тужба најавена од десетици американски сојузни држави. Државите тврдат дека компанијата користела […]

Големите социјални мрежи ги оставаат вестите на цедило

24 октомври 2023

Медиумските компании се соочуваат со финансиски предизвици откако сѐ повеќе големи социјални мрежи вложуваат сѐ помалку во промовирањето на вести, пишува Њујорк тајмс во нивната анализа. Х (поранешно Твитер) ги тргна насловите од вестите кои се споделуваат на нивната платформа. Кемпбел Браун, надлежна за справувањето со вести на „Мета“ (компанијата-сопственик на Фејсбук и Инстаграм), најави […]

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

12 октомври 2023

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во […]

Стапува на сила договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на личните податоци, активистите негодуваат

11 јули 2023

Европската комисија објави дека е склучен договор со САД кој има за цел да овозможи полесен пренос на личните податоци на легален пат преку Атлантикот. Меѓутоа, активистите за заштита на приватноста на податоците најавија дека ќе го оспорат договорот пред суд, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на ЕУ го поздравија договореното со […]

Инстаграм Тредс надмина 100 милиони корисници побрзо и од ChatGPT

10 јули 2023

Новата апликација на Инстаграм наречена „Тредс“ веќе надмина 100 милиони корисници, притоа достигнувајќи ја оваа бројка побрзо и од четботот ChatGPT, јавува „Врџ“. Четботот на компанијата „Опен АИ“ ја помина оваа граница за два месеца и со тоа стана најбрзорастечка платформа во тој момент, додека Тредс, која беше лансирана во средата, стигна до 100 милиони […]

Твитер се закани дека ќе ја тужи „Мета“ поради новата апликација „Тредс“

7 јули 2023

Твитер размислува за тужба против „Мета“ поради нејзината нова брзорастечка ривалска социјална мрежа наречена „Threads“ (Тредс), тврдејќи дека компанијата ги прекршила правата на интелектуална сопственост на Твитер. Апликацијата која беше лансирана вчера многу наликува на Твитер, а од раководството на компанијата „Мета“ беше опишана како нејзина „пријателска алтернатива“. Како што пренесоа повеќе светски медиуми, адвокатот […]

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

6 јули 2023

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките […]

„Тредс“ веќе е достапна – над 10 милиони корисници во првите неколку часови

6 јули 2023

По неколкумесечни гласини и протечени информации, конечно пристигна апликацијата „Threads“ (Тредс) – конкурентот на Твитер создаден од Инстаграм. До новата социјална мрежа веќе може да се пристапи и од Македонија, преку интернет страницата Threads.net или со преземање на апликацијата од продавниците на Андроид и iOS. Шефот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг изјави дека новата апликација […]

Инстаграм ривалот на Твитер утре пристигнува во Македонија, но не и во ЕУ

5 јули 2023

Ривалот на Твитер создаден од компанијата „Мета“ и наречен „Threads“ утре нема да стане достапен во земјите од Европската Унија поради несигурноста околу користењето на личните податоци од страна на платформата. „Гардијан“ пишува дека извори на „Мета“ посочиле оти причина за одложувањето на лансирањето во ЕУ се европските регулативи и бројните судири меѓу технолошката компанија […]

„Threads“ – ривалот на Твитер создаден од Инстаграм ќе стане достапен неделава

4 јули 2023

Сопственикот на Фејсбук, компанијата „Мета“ конечно ја лансира својата нова апликација базирана на текст и дизајнирана за да се натпреварува со Твитер. Повеќе медиуми објавија дека апликацијата ќе биде лансирана овој четврток. Како што јавува Би-би-си, апликацијата се нарекува „Threads“ (Нишки) и веќе е достапна за претнарачка на продавницата за апликации на „Епл“ – App […]

„Мета“ со план да им овозможи на корисниците во ЕУ да симнуваат апликации директно преку Фејсбук

30 јуни 2023

Технолошката компанија „Мета“, во чија сопственост е социјалната мрежа Фејсбук, планира да им дозволи на корисниците во Европската Унија (ЕУ) да преземаат апликации директно преку рекламите на оваа платформа. Доколку ова биде овозможено, „Мета“ ќе им стане конкурент на продавниците за апликации на „Гугл“ и „Епл“, јавува „Врџ“. Како што објави медиумот, новиот вид реклами […]

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

23 јуни 2023

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе […]

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

22 јуни 2023

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up […]

Страна 1 од 2