Речиси сите корисници на интернет во Германија стравуваат од хакери

На прашањето од каде мислат дека доаѓаат хакерските напади, германските граѓани ги дале следните одговори - Русија 81 отсто, Кина 75 отсто и Северна Кореја 53 отсто

Фото: Lino Mirgeler/dpa

Секој германски граѓанин кој користи Интернет е претпазлив од нападите на сајбер-криминалците, покажува вчерашната анкета на здружението Битком, пренесе германската агенција ДПА.

Имено, 93 отсто од испитаниците од репрезентативен примерок рекле дека се чувствуваат загрозени кога ќе сурфаат на интернет.

Огромно мнозинство од 87 отсто проценуваат дека потенцијалните напаѓачи се дел од организирани групи, додека нешто повеќе од една третина, 35 отсто, стравуваат од напад од поединец.

Една четвртина од испитаниците, пак, сметаат дека можат да бидат цел на хакерски напад на државните агенции, како што се безбедносните служби, а пет отсто сметаат дека нападите се организирани од компании.

На прашањето од каде мислат дека доаѓаат хакерските напади, германските граѓани ги дале следните одговори – Русија 81 отсто, Кина 75 отсто и Северна Кореја 53 отсто.

Корисниците на Интернет во Германија најмногу стравуваат дека напаѓачите ќе го преземат нивниот компјутер или мобилен уред. Хакерире обично бараат од жртвата пари за да го одблокираат нивниот уред или сметка или ја уценуваат со закана за објавување чувствителна содржина.

Околу 62 отсто од германските корисници се плашат од кражба на идентитет, а 55 отсто се плашат од кражба на лозинка.

Околу 42 отсто од нив се изјасниле дека се плашат од загуба преку електронско банкарство, а 39 отсто преку електронско купување.

Мнозинството корисници во Германија ги преземаат безбедносните мерки во свои раце, а 74 отсто од нив изјавиле дека веруваат дека тие се одговорот на сопствената безбедност.

Секој шести испитаник ја префрлил одговорноста за својата безбедност на Интернет на државата, а седум отсто сметаат дека тоа е работа на провајдерите, односно производителите на софтвер и хардвер.