Таг: Интернет

таг: Интернет

Јутјуб ги воведува „хендлс“ – нов начин за идентификување на корисниците

Јтујуб ќе воведе нов начин за именување и идентификување на корисниците, налик на истоимените „хендлс“ на Твитер. Од Јутјуб соопштија дека креаторите ќе бидат поканети во текот на следните две недели да си изберат нов ИД со симболот „@“ како предзнак. Доколку до 14 ноември корисниците не изберат име, тогаш нивниот канал ќе добие автоматски „хендл“. Како што појаснија од платформата,...

Фридом Хаус: Русија со најголем пад според слободата на интернетот – блокирани над 5.000 веб-страници

Најголемиот пад на слободата на интернетот го има Русија, откако Кремљ ги интензивираше своите напори да ја задуши опозицијата и да ги замолчи независните медиуми во пресрет на незаконската и неиспровоцирана инвазија врз Украина, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на интернетот, во кој се анализирани 70 држави, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Глобалната...

Како да ги препознаете и да се заштитите од заканите во дигиталниот свет (видео)

Фондација Метаморфозис во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија денес организираше вебинар насловен „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“ на кој професорот по компјутерски науки, Адриан Бесими презентираше корисни совети за секој корисник на Интернет. Бесими на едноставен начин, преку практични примери образложи како граѓаните, граѓанските...

„Телеграм“ воведе можност за претплата со дополнителни функции

Откако претходно месецов ја најави, апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ ја промовираше својата премиум услуга, која на корисниците им дава пристап до дополнителни функции по цена од 4,99 американски долари месечно, пишува „Д Врџ“. Со претплатената верзија корисниците ќе добијат побрзо преземање и поголема максимална големина на прикачување на датотеки. Претплатниците на премиум услугата имаат ограничувања двојно поголеми од...

Интернет Експлорер денеска заминува во историјата

По 27 години откако беше лансиран Интернет Експлорер, „Мајкрософт“ објави дека прелистувачот ќе биде отстранет од сите уреди, пренесува „Гардијан“. Од денеска, десктоп апликацијата на Експлорер ќе биде оневозможена и наместо тоа, корисниците ќе бидат пренасочени кон новиот прелистувач – Мајкрософт Еџ (Microsoft Edge). И додека Експлорер ја загуби својата релевантност изминативе неколку години, како оригинален прелистувач на „Мајкрософт“ беше важен...

Во пораст родово базираното насилство во кибер-просторот

Според истражувањето на Хелсиншкиот комитет во кое биле опфатени 300 испитаници во три градови, дури 78 отсто биле жртви на кибер насилство. Родово базираното насилство во кибер просторот врз жените и девојките е во пораст, а тоа го покажуваат истражувањата што се прават и кај нас и во светски рамки. Има ситуации кога ваквите случаи завршуваат со самоубиство, поради...

Сателитскиот интернет „Старлинк“ наскоро ќе стане достапен и во Македонија

Сателитската интернет-услуга „Старлинк“ на компанијата „Спејс Екс“ од минатата недела е достапна во 32 земји во светот. Според соопштението на компанијата и објавената мапа, може да се види дека „Старлинк“ сега е достапна во поголемиот дел од САД, Европа, Нов Зеланд, Канада, Австралија и Јужна Америка. Од „Спејс Екс“ велат дека услугата во овие земји ќе биде испорачана веднаш, што претставува...

Илон Маск сепак нема да биде дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Минатата недела беше потврдено дека сопственикот на Тесла и еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск откупи 9,2 отсто од акциите на Твитер и дека ќе стане дел од одборот на директори на големата социјална мрежа. Оваа вест ја потврди и извршниот директор на Твитер, Параг Агравал. Во неговиот последен твит, главниот извршен директор напиша дека Маск по своја...

Твитер ќе добие опција за уредување на веќе објавен твит

По долгото чекање на корисниците на социјалната мрежа Твитер, желбата се исполнува - веста дека тимот на Твитер работи на опцијата за преуредување на твитовите е официјално потврдена, пишува Би-би-си. Имено, откако ќе се постира твит истиот не може да се преуредува и да се поправаат грешки без да се загубат коментарите и лајковите. Од одборот на Твитер велат дека во...

Илон Маск станува дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Твитер го назначува извршниот директор на Тесла, Илон Маск, во својот одбор на директори, се вели во документот поднесен до американската Комисија за хартии од вредност, а пренесува „Д Врџ“ (The Verge). Маск ќе работи како директор од втора класа до 2024 година. Во неколку твитови досега извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, ја потврди новата улога на Илон Маск. Тој...

Пикселна уметност: Македонската Реддит заедница остави белег на големото Реддит платно

Милиони корисници на Реддит од петокот се здружија за колективно да генерираат масовно колаборативно парче уметничко дело кое стана вистински вирален феномен. Таканаречениот „подредит“ r/Place функционираше како отворено платно, каде што секој корисник на оваа платформа можеше да поставува по еден мал обоен пиксел на секои пет минути. Проектот за првпат започна пред пет години, како првоаприлски експеримент во 2017...

ТикТок воведе забрана за објавување содржини од корисниците во Русија

Видео платформата ТикТок соопшти дека го прекинува објавувањето на нови содржини и стримањето во живо од Русија, со објаснување дека ги разгледува новите закони за „лажните вести“ во однос на руските вооружени сили, пренесува „Гардијан“. Тоа значи дека корисниците во Русија ќе можат и понатаму да ја користат апликацијата, но само за прегледување на видеа и испраќање на пораки, не...

Баниран на Твитер, Доналд Трамп лансираше своја социјална мрежа

Социјалната мрежа „Truth Social“, развиена од новата компанија за медиуми на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почна да функционира во ограничена форма и веќе е достапна за преземање од продавницата за апликации на „Епл“ (Apple) во САД. Она што корисниците прво го забележале на „Truth“ е дека платформата многу наликува на Твитер, „омилената“ социјална мрежа на Трамп пред тој да...

За првпат во своето постоење, Фејсбук забележа пад на бројот на активни корисници

Социјалната мрежа Фејсбук забележа пад на дневните активни корисници, што се случува за првпат во нејзиното 18-годишно постоење, јавува „Би-би-си“. Матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms) вели дека бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди во последното тримесечје од 2021 година, за разлика од 1,930 милијарди во претходниот квартал. Компанијата предупреди на забавен раст на приходите наспроти своите конкуренти како...

Инстаграм почна со тестирање на „претплати“ на профилите на креаторите

Инстаграм
Инстаграм тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците, за одредена месечна претплата, да уживаат во ексклузивна содржина создадена од нивните омилени креатори. Според објавата на блогот на матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms), Инстаграм ќе им даде слобода на креаторите да ја изберат цената по која сакаат гледачите да се претплатат на нивната содржина. Некои медиуми пишуваат дека цените...

Глобал војсис: Русија го блокира пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор

Руските власти го блокирале пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор, torproject.org. Според извештаи од тимот што го развива Тор и неговите корисници забраната стапила на сила од среда, 8 декември. Официјалното блокирање на пристапот се случува по објавата на извештаи дека одделни руски провајдери на интернет услуги од претходно го блокираат пристапот до овој сервис, бидејќи одделни руски корисници не можеле да...

Догодина бесплатен WiFi на државна сметка на јавни површини низ земјава

Од наредната година бесплатен WiFi интернет ќе биде обезбеден со државни средства на отворени јавни површини, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната седница. На владината седница беше разгледана и усвоена Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. За реализација на оваа програма, Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје, како носител на...

ТикТок ќе им нуди поддршка на корисниците кои пребаруваат содржини поврзани со самоубиство

ТикТок
ТикТок соопшти дека воведува неколку функции со кои има за цел да им помогне на корисниците кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје и со самоубиствени мисли. Новите функции кои ќе бидат воведени глобално во наредните месеци, вклучуваат „водичи за благосостојба“ и поддршка за луѓе кои се борат со нарушување во исхраната. Истовремено, кога некој од корисниците ќе пребарува зборови...

ДЗС со извинување до јавноста и до Телеком: техничките проблеми беа спорадични и изолирани

Државниот завод за статистика (ДЗС) попладнево соопшти дека пописот денеска бил во прекин не на целата територија на државата туку само спорадично и на одредени локации. Главната причина не бил прекинот на интернет конекцијата туку преоптовареноста на апликацијата. За изјавата на директорот на заводот Апостол Симовски дека пописот е во прекин поради проблеми со интернетот, велат дека се должи...

„Онли Фанс“ сепак нема да ги забрани експлицитните содржини од 1 октомври

Откако минатата недела објави дека ќе ги забрани експлицитните содржини, по лавината реакции од корисниците „Онли Фанс“ извести дека ќе ги одложи измените во политиката за креирање содржини. Во четвртокот платформата за претплатнички содржини рече дека почнувајќи од октомври ќе ги блокира експлицитните сексуални фотографии и видеа. Но, во текот на вчерашниот ден на Твитер соопштија дека ја суспендирале планираната...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...