Просечната нето-плата во август 2023 зголемена за 14,2 отсто

Највисока просечна нето-плата е регистрирана во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, која во август годинава се искачила на 92.464 денари

-

Просечната нето-плата по вработен во август 2023 година изнесувала 36.390 денари и истата е зголемена за 14,2 отсто во однос на август 2022 година, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21,6 отсто), Образование (17,5 отсто) и Градежништво (16,5 отсто).

Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3,8 отсто), Административни и помошни услужни дејности (3,3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,3 отсто).

Највисока просечна нето-плата е регистрирана во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, која во август годинава се искачила на 92.464 денари. Наспроти ова, најниска плата во земјава е регистрирана во секторот Заштитни и истражни дејности, каде нето-платата во просек изнесувала 20.021 денари.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...