fbpx

Просечната нето-плата во октомври се искачила на 38.843 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесувала 58.349 денари

-

Просечната нето-плата во октомври 2023 година се зголемила за 17,3 отсто во споредба со истиот месец лани и изнесувала 38.843 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26,2%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20%)“, информираат од Државниот завод за статистика.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5%), Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6%).

Инаку, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесувала 58.349 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...