fbpx

Просечната нето-плата во ноември 2023 со пораст од над 16 отсто на годишно ниво

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8%), Рударство и вадење на камен (5,9%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%)

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесувала 38.359 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2, се појаснува во соопштението, односно порастот надминува 16 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22%), Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8%), Рударство и вадење на камен (5,9%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...