fbpx

Слаткар, Дарио и фолк пејачи за дочек на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад

Изборот годинава е на македонски музичари, па така предвидено е на 31 декември да настапат Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио и „Мерак меана“ со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски

-

Комората на музичка индустрија во соработка со град Скопје, со спонзорство на „Дајмонд Мол“, го подготвиле списокот на музичари кои ќе настапат на дочекот на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“. Изборот годинава е на македонски музичари, па така предвидено е на 31 декември да настапат „Тринити Стрингс“, Слаткар, Дарио и „Мерак меана“ со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во претпладневните часови, на 31 декември ќе има сликање до Дедо Мраз, Тин камп, балет и оперски арии со „Лејдис Оркестра“ и „Пауза за ракија“.

Како што се наведува во испратеното соопштение, настани и случувања ќе има пред, но и по 31 декември.

„Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на плоштад „Македонија“ ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024“, се наведува во соопштението за новогодишните активности што ќе следат.

Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отворел со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, а забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

За време на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, „Поточиња“, Бени Шаќири, „Љубојна“, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, „Куку Леле“, група „Саут Парк“, „Ареа“, „Фолтин“, диџеј Ерик Фокс, „Лејдис Оркестра“, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, „Ринг Тонс“ бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група „Мјузаик“, Теа Трајковска, „Дупер“, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, „Сара Мејс & The Christmas Girls“, „Аманет“, Фиц Д`инвизблс“ и „Некст Тајм“.

Дел од празничната програма се и детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од „Еурека“ и „Брејк а лег“, детски маскоти, сликање со дедо Мраз и делење подароци.

Водители на празничниот базар ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Сите активности се во организација на Комората на музичка индустрија во соработка со град Скопје, со спонзорство на „Дајмонд Мол“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...