fbpx

За една недела 140 позитивни случаи на ковид, 13 лица се хоспитализирани на Инфективна

Директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, информира дека во моментов, заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден пациент е на неинванзивна механичка вентилација

-

Во период од една недела, од вкупно направени 635 тестови, 140 се позитивни на ковид-19, информира за Мета.мк директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тој информира дека во моментов заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден пациент е на неинванзивна механичка вентилација.

Во Охрид, двајца ковид пациенти се хоспитализирани во општата болница, а и двајцата се на кислородна поддршка.

Инаку од почетокот на пандемијата, направени се вкупно 2.248.188 тестови, а бројот на позитивни тестови е 349.493.

Мета.мк се обрати во Министерството за здравство за информации и податоци во врска со тоа, дали има вакцини за ковид, како и колкумина се вакцинирале во изминатиот период, но до овој момент одговори не добивме.

На 16 август годинава, Мета.мк пишуваше дека новиот сој не е сериозна закана, според епидемиолозите. ЕГ.5 или Ерис, е новата варијанта на ковид-19 која стана доминантна во САД, а ја има и во Кина и во Велика Британија. Распространетоста на новиот сој расте, а симптомите најчесто се главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето чувство за мирис.

Дали треба овој нов сој да нè загрижува? Епидемиолозите велат – не.

„Ова е вирус, а вирус лесно се пренесува, лесно мутира. Ковидот ќе има којзнае колку варијанти, но битно е да нема варијанта која ќе ни направи бељи за кои сè уште немаме имун одговор. Ние досега неколку варијанти поминавме, ќе има и нови, но тоа нема да биде драматично. Битно е да не биде вирусот летален, да не е толку развиен, за да не направи тешки клинички слики. Овој сој Ерис, не е таков“, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...