среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: ковид -19 | 2.436 резултати

За една недела 12 нови случаи на ковид, „Фајзер“ вакцини се достапни во вакциналните пунктови

14 октомври 2024

Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка […]

Пристигнаа повеќе од 11.000 дози вакцини против ковид-19

9 октомври 2024

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19. Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. „За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом“, информира Министерството за здравство. Во Скопје, […]

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема

11 септември 2024

Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација […]

Повторно се верглаат познатите теории на заговор за вакцините

5 септември 2024

Објавата тврди дека вакцинацијата била еден од најголемите „гревови и злостори над човештвото“. Ваквото тврдење на нуди никакви докази и факти за да биде поткрепено, туку се пасира произволно, ширејќи притоа негативни чувства кај граѓаните кон вакцинацијата. Наспроти тоа, фактите говорат дека вакцините спасуваат животи. Се проценува дека само вакцините против сипаници спречиле над 21 […]

За една недела две лица починале од ковид

26 август 2024

За една недела регистрирани сe 213 нови позитивни случаи на ковид-19, од вкупно 597 тестирани материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Ова е намалување од 21 отсто во однос на минатата недела. Со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица, информираат во Институтот за јавно здравје […]

Препорачуваат вакцинирање против ковид-19, а вакцини нема

25 август 2024

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје. Мета.мк се обрати до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што […]

Зголемен е бројот на ковид-позитивни, комисијата за заразни болести со апел да се почитуваат мерките

20 август 2024

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Од комисијата препорачуваат да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно […]

За една недела 78 нови ковид случаи и еден починат, стотици не ни знаат дека се заболени

31 јули 2024

Во последнава недела, односно во периодот од 22 до 28 јули, Институтот за јавно здраје (ИЈЗ) евидентирал 78 нови случаи на ковид од вкупно направени 263 тестови. Како што информираат оттаму за Мета.мк, при секвенционирањето примероци позитивни на SARS-CoV-2, извршено во одделението за вирусологија при ИЈЗ детектирани се варијантите на Омикрон JN.1 (кај 23 примероци), […]

Џо Бајден позитивен на ковид, ќе ја паузира кампањата

18 јули 2024

Претседателот Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, пренесуваат светските медиуми. Бајден (81) имал благи симптоми и ја примил првата доза од антивирусниот лек Паксловид, информирал неговиот лекар. „Се чувствувам добро“, изјавил Бајден, кој е целосно вакциниран, вчера на новинарите во Лас Вегас, пред да се упати кон неговата резиденција во Делавер. Претседателот ќе се самоизолира […]

Чиста шпекулација е дека вакцинираните со мРНК вакцина ќе починат најдоцна за 4 години

25 мај 2024

Во објавата што ја рецензираме базирано на шпекулации, без никаков медицински доказ, паушално се изнесува дека вакцинираните со мРНК вакцина против ковид ќе починат за најдоцна 4 години, заедно со уште бројни лаги, веќе дебанкирани дезинформации поврзани со составот на вакцината. Ваквите објави се штетни и опасни по здравјето на луѓето и се косат со […]

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

18 април 2024

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува еден човек кој во тој период бил министер за здравство. Дополнително, вакцинацијата против ковид-19 во Македонија не е задолжителна и никогаш не била услов за некој […]

Објава шири невистини дека ковид пациенти кои починале во болниците биле убиени

31 март 2024

Во објавата што ја рецензираме невистинито се тврди дека вработените во болниците ги убивале луѓето кои биле хоспитализирани со користење на погрешни протоколи. Се пласираат невистини и за лекот „ремдесивир“ дека трајно им ги оштетил бубрезите на оние кои го примиле, иако постојат докази дека самата болест ковид-19 предизвикува компликации со бубрезите, а не лекот. […]

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

28 март 2024

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија. Во првите месеци на ковид-пандемијата во 2020 година, тој волонтирал во ургентен центар во Њујорк, град кој се соочувал со исклучително висок број на заболени во […]

Нова студија покажува дека вакцините против ковид-19 се сигурни

24 март 2024

Противниците на вакцинацијата се обиделе да ги злоупотребат резултатите од најголемата студија на безбедноста на вакцини за ковид направена до сега, вадејќи податоци од контекст и покажувајќи само дека е напишано дека постојат одредени нуспојави, но не и колку тие нуспојави всушност се ретки, укажува анализата на научната новинарка м-р Јелена Калиниќ, објавена на порталот […]

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

23 март 2024

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно […]

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

20 март 2024

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, […]

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

13 март 2024

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само […]

Вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА, „Фајзер“ и „Модерна“ не беа ослободени од ковид вакцинација

11 март 2024

Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле […]

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

10 март 2024

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на […]

Фабрикувано видео дезинформира дека австралиска компанија развива лек против смрт од ковид вакцина

29 февруари 2024

Во видеото новинарката не зборувала за лек што треба да спречи „умирање од вакцината против ковид-19“. Станува збор за лапсус по кој таа веднаш се поправила, а третманот за кој зборувала се тестирал за да им помогне на пациентите хоспитализирани поради инфекција со ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Страна 1 од 122