fbpx

Нова студија покажува дека вакцините против ковид-19 се сигурни

-

Противниците на вакцинацијата се обиделе да ги злоупотребат резултатите од најголемата студија на безбедноста на вакцини за ковид направена до сега, вадејќи податоци од контекст и покажувајќи само дека е напишано дека постојат одредени нуспојави, но не и колку тие нуспојави всушност се ретки, укажува анализата на научната новинарка м-р Јелена Калиниќ, објавена на порталот vakcine.ba.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Најголемата студија на безбедноста на вакцините за ковид направена до сега, објавена на 12. февруари 2024. година во научното списание Vaccine (1), покажува дека одредени штетни последици се исклучително ретки, многу поретки од појавата на штетни случувања кај невакцинирани групи.

Оваа студија опфатила над 99 милиони вакцинирани индивидуи и ги споредила податоците за нуспојави од 243 милиони дози на вакцини против ковид. Како таква студијата би требало да е доволна да се заклучи дека овие вакцини се сигурни.

Студијата настанала како дело од Проектот за глобална сигурност на вацините против ковид (GCoVS), кој е започнат 2021. година во рамки на мултинационалната Глобална мрежа за податоци за вакцините ™ (GVDN®), со која се олеснува сеопфатна проценка на сигурноста на овие вакцини. Цел на студијата е да се процени ризикот од несакани случувања од посебен интерес (adverse events of special interest – AESI) по вакцинацијата против ковид-19 на 10 локации од осум земји.

Користејќи заеднички протокол, оваа опсервациона кохортна студија ги споредила забележаните стапки на појава на вакви нуспојави со очекуваните стапки на 13 одбрани непосакувани случувања о посебен интерес со невролошки, хематолошки и кардиоваскуларни исходи.

Во текот на студијата администрирани се вкупно 183.559.462 дози на вакцината на Фајзер BNT162b2 (Pfizer Comirnaty), потоа 36.178.442 дози на вакцината на Модерна mRNA-1273 (Moderna) и 23.093.399 дози на вакцината на АстраЗенека ChAdOx1 (AstraZeneca Vaxzervia).

Анализата на резултатите на студијата ги потврдила од претходно утврдените сигнали на сигурност за миокардитис, перикардитис, синдромот Жилиан Баре (Guillain-Barré) и тромбоза на церебралните венски синуси. Идентификувани се и други потенцијални сигнали за сигурност за кои е потребно понатамошно истражување. Меѓутоа, што всушност значат заклучоците на оваа студија?

Истражувачите предводени од д-р Кристина Факсова, специјалистка по епидемиологија од данскиот Статенс Серум Институт, со студијата покажаа дека постојат одредени нуспојави и непосакувани случувања, како на пример тромбоза по првата доза на вакцината ChAdOx1, но дека во споредба со општата (невакцинирана) популација тие се случуваат исклучително ретко.

На пример, акутниот дисеминиран енцефаломиелитис е забележен кај 7 случаи од 183 милиони дози, односно 0,038 случаи на 1 милион дози. Со оглед на полезноста од вакцините, односот на полза и ризик е претежно на страна на ползата.

Противниците на вакцинацијата често ги злоупотребуваат податоците или манипулираат со статистиката за да ја прилагодат својата приказна, игнорирајќи ги ригорозните научни методи кои се применуваат при студии како оваа. Тоа се обидоа да го сторат и со оваа студија, вадејќи податоци од контекст и покажувајќи само дека е напишано дека постојат одредени нуспојави, но не и колку тие нуспојави всушност се ретки. Од пресудна важност е да се потпираме на веродостојни извори и стручњаци од тоа поле за научните резултати да може точно и одговорно да се интерпретираат. Погрешното претставување или погрешното објаснување на истражувањата не само што шири дезинформации, туку и ја поткопува довербата на јавноста во вакцините, што може да има сериозни последици по јавното здравје.

Треба да се знае и дека:

  • Ковид е поврзан со реуматски болести.
  • Долготрајна инфекција  со ковид може да предизвика когнитивно опаѓање.
  • Ковид може да предизвика дијабетес тип 2.
  • Ковид може да предизвика оштетувања на мозокот.
  • Ковид однесе преку 7 милиони животи низ целиот свет.

Ползата од вакцинацијата против ковид е многу поголема од ризиците од нуспојави!

Референци:

  1. Faksova K, Walsh D, Jiang Y, Griffin J, Phillips A, Gentile A, Kwong JC, Macartney K, Naus M, Grange Z, Escolano S, Sepulveda G, Shetty A, Pillsbury A, Sullivan C, Naveed Z, Janjua NZ, Giglio N, Perälä J, Nasreen S, Gidding H, Hovi P, Vo T, Cui F, Deng L, Cullen L, Artama M, Weintraub E, Lu H, Clothier HJ, Batty K, Paynter J, Petousis-Harris H, Buttery J, Black S, Hviid A. COVID-19 vaccines and adverse events of special interest: A multinational Global Vaccine Data Network (GVDN) cohort study of 99 million vaccinated individuals. Vaccine. 2024 Feb 12:S0264-410X(24)00127-0. doi: 10.1016/j.vaccine.2024.01.100. Epub ahead of print. PMID: 38350768.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Професионални спортисти од девет земји гости на спортските игри во Велес

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски настан „Спортски игри Велес“, кој ќе се одржи во Градскиот парк. Покрај спортисти од Македонија,...