четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцини против ковид-19 | 242 резултати

Не е точно дека Јапонија покренува истрага против ковид-вакцините поради милиони смртни случаи

јуни 23, 2023

Ниту има докази за милиони смртни случаи, ниту пак, некаде има официјална вест за покренување некаква истрага против вакцините. Според СЗО, до крајот на ноември 2022 година во Јапонија биле администрирани над 349,2 милиони дози вакцини против ковид-19.  Според една студија од ноември 2022 година, во периодот помеѓу 17 февруари 2021 година и 17 април 2022 година, во Јапонија се […]

Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат спинална мускулна атрофија

февруари 25, 2023

Нема докази дека испитувањата за спинална мускулна атрофија врз новороденчињата во Хрватска, ќе се прават за да се провери дали ковид вакцините им ја предизвикале оваа дијагноза поради тоа што мајките им биле вакцинирани против ковид-19. Ваквата теза во постот што го рецензираме е целосно произволно нафрлена. Информацијата за тоа дека бебињата ќе бидат тестирани за спинална мускулна […]

Вистиномер: Пост дезинформира дека 150 илјади луѓе биле убиени од вакцините

август 3, 2022

Написот што се споделува во постот се повикува на податоци од американскиот бизнисмен Стив Кирш за кого повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19. Кирш, пак, се повикува на американскиот систем за следење на несакани реакции после вакцинација – ВАЕРС, кој е за рано предупредување, а не за егзактно броење на смртност […]

Вистиномер: Нема медицински докази дека вакцините против ковид предизвикуваат згрутчување на крвта

јули 29, 2022

Антиваксерите и теоретичарите на заговор секогаш ја поврзуваат вакцината на „Фајзер“ со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта. Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, […]

Вистиномер: Ковид-19 не е биолошка војна, ниту, пак, се шири вештачки

јули 28, 2022

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории на заговор. Новите варијанти на вирусите се шират брзо, бидејќи вешто […]

Вистиномер: Ковид-19 не е последица на радијација од 5Г, туку на инфекција со коронавирусот

јули 25, 2022

Постот  е невистинит и влегува во доменот на теориите на заговор, пласирани во текот на целата пандемија со ковид-19. Ова се прави со цел да се внесе недоверба во здравствениот систем како и во вакциналниот процес, нешто што може да биде фатално по индивидуалното здравје и штетно по колективното здравје. Коронавирусот не се пренесува преку […]

Вистиномер: Не е точно дека „Модерна“ ја создала вакцината против ковид-19 пред да се појави коронавирусот

јули 24, 2022

Вакцината на „Модерна“, спротивно на изнесеното во постот, не е создадена пред, туку по појавата на коронавирусот, а самата генетска структура на вирусот претставува основа за нејзиното создавање. Инаку, цела деценија пред појавата на коронавирусот се правени екстензивни истражувања на мРНК технологијата, што, пак, ѝ овозможи на „Модерна“ многу брзо да ја создаде вакцината против […]

Вистиномер: Извештаите за сомнежи за несакани реакции не се потврдени несакани ефекти

јули 21, 2022

Во постот се пропушта контекстот, затоа што Европската база на податоци за сомнежи за несакани реакции од употреба на некој лек и системот за следење на несакани настани од вакцини во САД – VAERS, не се создадени за преку нив да може да се утврдува смртност и повреди од кој било лек или медицинско средство, […]

Вистиномер: мРНК вакцините не содржат ГМО и нанотехнологија

мај 21, 2022

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку трансхуманизам нанотехнологија. Тоа не ни постои, вели Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт. Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида тврди дека иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа […]

Преку СМС пораки ќе се повикуваат граѓаните на вакцинација, од денеска нова кампања

март 2, 2022

Комисијата за заразни болести информираше дека од денеска започнуваат со нова кампања, со која сите оние што спаѓаат во ризичните групи ќе добијат СМС порака со термин и локација за вакцинација. Како што информираше портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ, СМС пораки ќе добијат граѓаните над 65 години кои имаат коморбидитети, како и лицата помлади […]

Настан на Метаморфозис: Дезинформациите против вакцините за ковид-19 и како да се справуваме со нив

февруари 28, 2022

Фондацијата Метаморфозис одржа онлајн настан, каде беа претставени активностите и постигнувањата на проектот со наслов „Рапиден одговор на вакциналните дезинформации“, кој Метаморфозис од Скопје го спроведуваше преку своите дигитални изданија Вистиномер, Мета и Порталб, а кој беше помогнат од Балканскиот фонд за демократија. Проектот резултираше со завршен документ кој содржи преглед на сите различни видови дезинформации и заклучоци и […]

Обединетото Кралство и Франција со нови ковид-протоколи за влез на македонски државјани

февруари 14, 2022

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство (ОК) на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на […]

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

февруари 13, 2022

Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да […]

Вистиномер: Рокот на употреба на вакцината на „Фајзер“ е продолжен од 6 на 9 месеци

јануари 18, 2022

Во ноември 2021 година МАЛМЕД објави писмо до здравствените работници во кое ги информира дека рокот на фајзеровата вакцина е продолжен од шест на девет месеци и дека новиот рок за употреба е одобрен и од европската агенција за лекови ЕМА. Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се безбедни и покрај новиот рок. Македонија […]

Од февруари во Австрија задолжителна вакцинација против ковид-19

јануари 16, 2022

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна. Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, […]

Вистиномер: Не е точно дека омикрон е производ на вакцинацијата

декември 26, 2021

Научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од овој вирус. Научната јавност е децидна дека најважниот фактор што го зголемува ризикот од мутации е ширењето на вирусот. Колку вирусот повеќе се шири на одредено место, толку е поголема веројатноста за уникатна […]

Вистиномер: Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето

декември 25, 2021

Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се […]

МЗ: Смртноста од ковид-19 кај невакцинираните е драстично поголема

декември 24, 2021

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани лица, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. „Во период од 06 август до 23 декември, на територија […]

Израелскиот премиер најави четврта доза вакцина за да го спречи ширењето на сојот Омикрон

декември 22, 2021

Израелците постари од 60 години и здравствените работници ќе имаат право на четврта доза вакцинација против ковид-19, за да се заштитат од сојот Омикрон кој брзо се шири, објави премиерот на државата, Нафтали Бенет. „Граѓаните на Израел беа првите во светот што ја примија третата доза од вакцината, а ние продолжуваме да бидеме први и […]

Вистиномер: Вакцините против ковид не може да ве заразат со ковид

декември 22, 2021

Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19  не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19.  Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората […]

Страна 1 од 12