недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ковид -19 | 2.436 резултати

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

октомври 17, 2023

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за да се создаде недоверба во ковид вакцината произведена во ЕУ. Сите […]

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

октомври 16, 2023

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе […]

За една недела 140 позитивни случаи на ковид, 13 лица се хоспитализирани на Инфективна

октомври 9, 2023

Во период од една недела, од вкупно направени 635 тестови, 140 се позитивни на ковид-19, информира за Мета.мк директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тој информира дека во моментов заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден […]

Нобелова награда за изумителите на мРНК вакцините

октомври 2, 2023

Годишната Нобелова награда за физиологија или медицина беше доделена на унгарската научничка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсмен. Двајцата научници биле клучни во развивање на технологијата зад мРНК вакцините, технологија која беше основата на вакцините против ковид-19 развиени од Бионтек-Фајзер и Модерна, известува Би-би-си. Пред ковид-19 пандемијата, мРНК технолгијата за вакцини беше експериментална и […]

Повторно да се носат маски во здравствените установи, препорача Комисијата за заразни болести

септември 20, 2023

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Министерството за здравство повторно задолжително да се носат маски во здравствените установи како превенција од ковид-19. „На денешниот состанок се разгледуваше состојбата со ковид-19 и по деталните анализи што ги направивме, се донесе само една препорака, односно повторно задолжително користење маски во здравствените установи. Ова е пред сè […]

Научно видео од 2015 година злоупотребено за да се шират теории на заговор

септември 18, 2023

Луѓето не се разболуваат ниту од антените за мобилна телефонија, ниту од графен оксид. Тие на никој начин не се поврзани со вакцините против ковид-19. Објавата што ја анализираме користи научно видео од 2015 година, осум години пред да се појави коронавиурусот, со цел да шири дезинформации за составот на вакцините, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Објава шири измислици дека 5Г кулите активираат болести кај вакцинираните луѓе

септември 17, 2023

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика  болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните и отпор кон примање на вакцините поради страв од идни пандемии, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување

септември 17, 2023

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Жена со церебрална парализа живее во зграда без лифт – матичниот лекар одбивал да дојде кога имала ковид

септември 6, 2023

Од 23 до 37 проценти од анкетираните жени со попреченост чувствуваат дискриминација кога одат кај матичен лекар, а повеќе од половината сметаат дека просториите на избраните лекари од различна дејност не се или се делумно пристапни. Проблем со основна физичка пристапност до ординациите е констатиран дури и во јавни здравствени установи. Ова се клучните наоди […]

На Фејсбук повторно се шират конспирации за пандемијата и „длабоката држава“

август 31, 2023

Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено […]

Нанотехнологијата, 5Г мрежата и графен оксидот немаат никаква поврзаност со вакцините

август 25, 2023

Објавата изнесува низа теории на заговор и непотврдени факти во врска со вакцините и нивниот состав. Вакцините не содржат графен оксид, ниту пак, графен оксид или некаква нанотехнологија која генетски ќе го модифицира човекот за тој да биде управуван со помош на 5Г технологијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Новиот ковид сој Ерис не е сериозна закана, смируваат епидемиолозите

август 16, 2023

ЕГ.5 или Ерис, е новата варијанта на ковид-19 која стана доминантна во САД, а ја има и во Кина и Британија. Распространетоста на новиот сој расте, а симптомите најчесто се главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето чувство за мирис. Дали треба овој нов сој да нè загрижува? Епидемиолозите велат – не. „Ова е вирус, […]

Вработените во „Фајзер“ ги добиле истите вакцини со истиот состав, само од различна серија

август 13, 2023

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент – виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека вработените во „Фајзер“ не добиле поинакви вакцини од оние за општата популација. Серијата била посебна затоа што […]

Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени

август 9, 2023

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не […]

УНИЦЕФ: Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата

јули 31, 2023

И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Освен тоа, дебелината кај децата зема замав, со што […]

Јаневски: Политичките тензии го намалија бројот на бугарски туристи

јули 21, 2023

Во 2023 година ќе треба да се надоместат од 75.000 до 100.000 ноќевања за да се надомести за намалениот број на бугарски туристи, како последица на политичките тензии, рече денеска на прес-конференција Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Како што тој истакна, во 2019 година (последната година пред пандемијата), бугарскиот […]

Произволно се тврди дека САД во Украина работеле на создавање биолошко оружје со ДНК на Руси и Кинези

јули 19, 2023

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, […]

СЗО не е сатанистичка организација, ниту пак, брутално се заканува барајќи покорност

јули 15, 2023

Светската здравствена организација е насочена кон спасување на човековите животи преку промоција на подобри здравствени услуги, поголема покриеност со здравствени услуги за сите луѓе во светот преку стратегии и цели кои директорот на СЗО, Тедрос Аданом бара да се почитуваат и да се постигнуваат. Нема ништо сатанистичко во тоа да се насочуваат државите членки на […]

Еуростат: По две години опаѓање, населението на ЕУ повторно во пораст

јули 11, 2023

Населението на Европската Унија броело 448,4 милиони жители на 1 јануари годинава, а на почетокот на претходната година, на 1 јануари 2022, имало 446,7 милиони жители. Станува збор за пораст од 1,7 милиони жители, се вели во извештајот на Еуростат објавен денеска. Овој пораст е забележан по две години опаѓање на бројот на жители во […]

Владата без критериуми исплатила речиси 100 милиони евра за справување со ковид-19 кризата

јуни 30, 2023

Речиси 100 милиони евра од страна на Владата преку потпрограмата Мерки за справување со ковид-19 кризата, во 2021 година биле исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. За потпрограмата […]

Страна 3 од 122