понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ковид -19 | 2.436 резултати

Не е точно дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се последица на вакцинацијата

февруари 26, 2024

Спротивно на тврдењето во објавата, имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести. Голем број научни студии покажаа дека ризикот од срцев и мозочен удар се  последица на инфекција со коронавирусот, како и тоа дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Немало план да се набават ковид вакцини од „диви фармацевтски компании“

февруари 10, 2024

Во објавата се изнесуваат невистини, меѓу кои и таа дека има обвинети за случајот Онкологија. Во овој предмет што е во фаза на истрага, нема обвинети, туку има петмина осомничени, меѓу кои не е ексминистерот за здравство Венко Филипче. Исто така, немало план вакцините да се набават од „диви фармацевтски компании“, туку се набавени преку […]

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

јануари 28, 2024

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за […]

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

јануари 27, 2024

Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека […]

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

јануари 26, 2024

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот […]

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

јануари 14, 2024

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница […]

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

јануари 7, 2024

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“. Вакцините против ковид-19 се со испитани состојки кои се транспарентно наведени и имаат позитивен безбедносен профил и никакви отрови […]

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

декември 27, 2023

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува […]

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

декември 18, 2023

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации […]

Тенденциозно се прикажува студија за да се „докаже“ дека маските не спасуваат животи

декември 6, 2023

Во оваа објава се пропушта контекстот, притоа не се наведуваат битните огради кои ги ставаат и самите автори во студијата, а се тврди дека маските не заштитуваат од инфекција со ковид-19. Сознанијата од студијата се дека носењето маска МОЖЕ да биде асоцирано со зголемен ризик од инфекција, но оваа асоцијација МОЖЕ да биде и поради […]

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

декември 5, 2023

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во […]

Нема докази дека 2.000 спортисти починале поради ковид вакцината

декември 3, 2023

Дел од спортистите наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, ама тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што нема докази за такво нешто, ниту пак, има информации дали тие биле воопшто вакцинирани. Дефинитивно е неточно и […]

СЗО бара од Кина повеќе детали за необјаснетата појава на детска пневмонија

ноември 23, 2023

Светската здравствена организација (СЗО), бара повеќе информации од кинеските власти во однос на зголемениот број респираторни заболувања и пневмонија кај децата во Кина. Си-ен-ен пренесува дека официјални лица од кинеската Национална здравствена комисија известиле за зголемување на респираторните заболувања на прес-конференција минатата недела. „Кинеските власти тврдат дека ова зголемување на случаите е поради укинувањето на […]

Шестмина ковид пациенти хоспитализирани на Инфективна, едно лице починало изминатава недела

ноември 21, 2023

Шестмина пациенти кои се ковид позитивни, во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а од нив, четворица се на кислородна поддршка. Како што за Мета информира Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје, во последнава недела и во општата болница во Охрид има четворица хоспитализирани, од кои еден пациент […]

Во вакцините против ковид нема графен оксид

ноември 19, 2023

Неправилно протолкуван документ и неколку видеоматеријали, од кои некои не ни прикажуваат графен оксид, се искористени за да се заплашат граѓаните дека со вакцинацијата против ковид-19, во телото ќе примат графен оксид и дека истиот реагира на 5Г мрежата. Но, ова не е вистина. Вакцината против ковид на Фајзер не содржи графен оксид, ниту пак, […]

Смртните случаи од сипаници зголемени за 43 проценти во споредба со 2021 година

ноември 17, 2023

Заедничката публикација на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на Соединетите Американски Држави, објавена вчера, лоцира алармантен пораст на случаите на сипаници, епидемии и смртни случаи во 2022 година. Случаите на сипаници се зголемиле за 18 проценти и изнесуваат 9 милиони случаи, додека смртните случаи се зголемиле за […]

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат

ноември 15, 2023

Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат […]

Не е точно дека теренската вакцинација ќе ги „докрајчи“ ранливите категории

ноември 11, 2023

Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа […]

Започна втората кампања за промовирање на вакцинацијата „од врата до врата“

ноември 1, 2023

Од денеска започна втората широка кампања за промовирање на имунизацијата што Министерството за здравство ја реализира заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка на ЕУ, информираа од ова министерство. Од таму велат дека 30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во здравствените домови во државата ќе одат „од врата до […]

Антивакциналните дезинформации ги воскреснуваат заборавените болести

октомври 29, 2023

Антивакциналните дезинформации ја поткопаа имунизацијата и направија огромна штета на јавното здравје. Загрижувачки се податоците околу вакцинацијата на децата, препорачаниот опфат од над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјата. Дезинформациските наративи продолжуваат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, се измислува дека вакцините предизвикуваат „турбокарцином“, дури и кај луѓе кои воопшто […]

Страна 2 од 122