fbpx

Вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА, „Фајзер“ и „Модерна“ не беа ослободени од ковид вакцинација

Покрај мандатот за федералните работници, Бајден издал и посебни барања за бизнисите со повеќе од 100 вработени. Таквите бизниси морале да наложат вакцинирање или да барале неделно тестирање на вработените

-

Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барање на Бајден, а дополнително, според анализите на Ројтерс и АП, „Фајзер“ и „Модерна имаат воспоставено свои практики и побарале вакцинација за своите вработени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека оние кои ги принудувале луѓето да се боцкаат, биле ослободени од задолжителните вакцини против ковид-19, мислејќи на САД.

Погледнете кој беше ослободен од задолжителните вакцини против Ковид во САД:
– Американските сенатори и Претставничкиот дом
– Конгресниот персонал
– Вработените во Белата куќа
– 2.500 вработени во Pfizer
– 1.500 вработени во Модерна
– 1.400 вработени во Johnson&Johnson
– 15.000 вработени во Центрите за контрола и превенција на болести
– 14.000 вработени во Администрацијата за храна и лекови на САД
Оние кои ги принудуваа луѓето да се боцкаат [со закани но и со прекин на работата, не им дозволуваа да патуваат, да влегуваат во ресторани и продавници и што уште не] беа ослободени од вакцини.
Зошто, ако вакцините се „безбедни и ефективни“?!
Знаеме дека на многумина им е тешко да прифатат дека биле заведени и излажани, но отфрлањето на вистината неможе да направи таа да исчезне, стои во објавата.

Тврдењето дека одредени функционери и вработени во САД биле ослободени од задолжителната вакцинација против ковид-19, е старо и истoто се ширеше и во 2021 година, кога американскиот претседател Џо Бајден, во екот на ковид пандемијата, во обид да ја спречи зголемената трансмисија на варијантата „делта“ на коронавирусот, потпиша извршна наредба на 9 септември 2021 година со која се бара од федералните вработени да се вакцинираат против вирусот ковид-19, пишуваат Ројтерс и АП.

Оваа наредба опфаќала дури 100 милиони Американци. Вклучени во наредбата за задолжително вакцинирање биле федералните вработени и изведувачите, како и вработените во приватниот сектор и здравствените работници.

Владата на САД вклучува три гранки на власта: законодавна, извршна и судска гранка, како што е објаснето овде. Наредбата ги опфаќа федералните вработени, што се однесува на извршната власт, пишува Ројтерс.
Конгресот е дел од законодавната гранка и затоа не е предмет на оваа вакцинација, додава Ројтерс.
Во неговата извршна наредба, Бајден наложи вакцинација за вработените во извршната власт и изведувачите кои работат со федералната влада, без можност за тестирање. Наредбата вклучува исклучоци за работниците кои бараат верски или медицински исклучоци од вакцинација, според Џен Псаки, прес-секретар на Белата куќа, пишува АП.

Наредбата ја опфаќа извршната власт, која ја вклучува Белата куќа и повеќето федерални вработени (тука). Наредбата се однесува на сите федерални работници, вклучувајќи ги и оние во ЦДЦ, ФДА, НИАИД, кои се дел од извршната власт, бидејќи се владини агенции (овде, овде овде и овде), наведува Ројтерс во својата анализа.

Официјален претставник на ОМБ (Канцеларија за менаџмент и буџет), кој го надгледува спроведувањето на визијата на претседателот низ извршната власт, потврдил за АП  дека вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА и НИАИД не се изземени од мандатот за вакцинација.

Покрај мандатот за федералните работници, Бајден издал и посебни барања за бизнисите со повеќе од 100 вработени. Таквите бизниси морале да наложат вакцинирање или да барале неделно тестирање на вработените, како што било донесено преку претстојното правило од OSHA (Управата за безбедност и здравје при работа) што носело големи казни за прекршоци. Правила сè уште не биле финализирани во моментот кога АП ја пишувал својата анализа.

„Модерна“ и „Фајзер“, било предвидено да потпаднат под правилата за големите бизниси.

Портпаролката на „Модерна“, Колин Хаси, изјавила за АП дека компанијата не е изземена од федералниот мандат за вакцини.

Од Модерна на 20 август 2021 година рекле дека ќе бараат вакцинација против ковид-19 за сите нивни  вработени во Соединетите држави, со верски или медицински исклучоци на индивидуална основа.

Портпаролката на „Фајзер“, Памела Ајзел, исто така рекла дека „Фајзер“ очекува да бидат вклучени нејзините вработени и дека компанијата го чекала новото правило на OSHA за потврда.

Од „Фајзер“ на 4 август 2021 година соопштиле дека ќе бараат од сите нивни вработени и изведувачи во САД да се вакцинираат против ковид-19 или да учествуваат во неделното тестирање за ковид.

Од сето ова можеме да заклучиме дека со извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година се бара да се вакцинираат федералните работници и таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Исто така, Бајден тогаш издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени, кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барањата на Бајден, а дополнително според анализите на Ројтерс и АП, „Фајзер“ и „Модерна“ имаат воспоставено свои практики и побарале вакцинација за своите вработени. Бајден нема овластување да донесува мандати за законодавната и судската власт.

Поради сето ова, објавата ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...