Поведена истрага против битолчанец за силување на 14-годишно девојче

Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот 21-годишник во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз малолетничка

Фото: The image was posted by Anemone123 on Pixabay

Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, соопштува Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.