понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: малолетничка | 17 резултати

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

октомври 3, 2024

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и полово вознемирување. Според обвинителството, осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, […]

Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и ја уценувал за секс

октомври 2, 2024

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, тетовско. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку […]

Охрид: Се запали БМВ на крстосница, тепачка на плажа

јули 9, 2024

Вчера во Охрид се случија неколку инциденти известуваат од Секторот за внатрешни работи на градот. Пријавено е дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки при движење на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“. Станува збор за централниот плоштад во градот кој се наоѓа помеѓу пристаништето и чаршијата. Возачот на БМВ-то […]

Поведена истрага против битолчанец за силување на 14-годишно девојче

март 11, 2024

Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска […]

МВР: Немало обид за киднапирање малолетничка во Карбинци, случајот е расчистен

декември 9, 2023

Нема кривично дело во случајот во основното училиште во Карбинци, утврдиле СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип. Како што информираат од […]

Кривични пријави против 10 лица за силување малолетничка и изготвување порнографски материјал

март 30, 2023

Десет лица од Скопје, Велес и Тетово се осомничени за трговија со дете, производство и дистрибуција на детска порнографија и полова злоупотреба на немоќно лице. Јавното обвинителство соопшти дека поради страв од опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништување на докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор […]

Малолетничка починала од струен удар на железничка пруга во Илинден

февруари 26, 2023

Малолетничка синоќа починала од струен удар кој настанал додека таа била качена на кров на цистерна на железничка пруга во општината Илинден, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што оттаму објаснуваат во денешното соопштение, случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот. „По извршениот увид утврдено е дека малолетничка која таму била уште со […]

Поднесено обвинение против тројца за 14-годишното девојче што абортираше

јули 19, 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднело Обвинителен акт против три лица за сторено кривично дело „трговија со дете“. Иако Обвинителството во соопштението воопшто не наведе идентитети, од прикажаните факти е јасно дека станува збор за 14-годишната штитеничка од установата „25 Мај“, која била подведувана, а потоа […]

МТСП ќе поднесе кривична пријава против 11 лица за случајот со малолетничката од „25 мај“

февруари 23, 2018

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција, од Министерството за труд и социјална политика информираат дека до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава против одговорните лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба“, како и против стручни лица вработени […]

МТСП подготвува кривични пријави за случајот со малолетничката од „25 мај“

февруари 21, 2018

Вонредниот инспекциски надзор утврдил низа прекршувања на законите од страна на Центарот за социјални работи во случајот со малолетната девојка Р.И. од Заводот за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Од таму додаваат дека се подготвуваат прекршочни и кривични пријави за […]

Пронајдена малолетната штипјанка што беше пријавена за исчезната

јануари 9, 2015

Дванаесетгодишното девојче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Штип, е пронајдено, информира денеска МВР. Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за тоа кога и каде било пронајдено девојчето. Девојчето беше пријавено за исчезнато вчераутро, од родител, кој рекол дека неговата ќерка во средата околу 14 часот заминала во непознат правец.

Дванаесетгодишна штипјанка пријавена за исчезната

јануари 8, 2015

Утрово во штипската полиција, родител ја пријавил својата малолетна ќерка за исчезната, информираат од МВР. Според полицијата, Д.М. (43) пријавил дека вчера, околу 14 часот, неговата дванаесетгодишна ќерка заминала во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.

Малолетна девојка прободена со нож кај „Мавровка“

ноември 11, 2014

Попладнево, пред трговскиот центар „Мавровка“, со нож е прободенa 14-годишнa девојка. Според неофицијални информации, девојката двапати била прободена во левата нога. Таа е префрлена на една од скопските клиники и е надвор од животна опасност. Од полицијата го потврдија случајот, но сè уште нема официјални информации за напаѓачот.

Страна 1 од 1