недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ковид -19 | 2.436 резултати

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

март 19, 2020

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде […]

Османи: ЕУ постигна консензус, сигурно добиваме датум за преговори

март 19, 2020

Сакам да ве информирам за исклучиво, позитивна вест, која вчера доцна вечерта дојде од Брисел, по полноќ, Советот на постојаните претставници (Coreper), во кој членуваат амбасадорите на сите земји-членки на ЕУ, според информациите што ги добивме од таму, постигнаа консензус за одлука за преговори со Република Северна Македонија, безусловна и со безусловно барање за првата […]

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

март 19, 2020

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, […]

Димитров повика граѓаните затекнати во странство да се пријавуваат по е-маил

март 18, 2020

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика македонските граѓани затекнати во странство поради ситуацијата со корона вирусот, задолжително да се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за да може да се следи ситуацијата и да се преземаат мерки да им се помогне. „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате […]

Хелсиншки комитет: Да се имаат предвид човековите права кога се применуваат  мерки за групна изолација

март 18, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува загриженост во однос на сместувачките услови за групната изолација за лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак. Имено, во медиумите беше објавено сведоштво на лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште-Криволак, каде што евидентни се лошите хигиенски услови и недостатокот на соодветни легла. Во текот […]

Д-р Арбен Аголи: Позитивни сме, а немавме никакви симптоми освен благата малаксаност на мојот колега

март 17, 2020

Кога забележав дека мојот колега доктор, со кого работиме заедно во педијатриската ординација, чувствува малаксаност, побарав и инсистирав да направиме сите вработени тест за корона вирус. Тестовите се позитивни – вели за „Мета.мк“ д-р Арбен Аголи од Дебар, кој на својот фејсбук профил информира дека тој и неговите соработници се позитивни на корона вирусот. Го […]

Авион од Брисел со македонски државјани слетал во Скопје, сите со симптоми одат веднаш на тестирање

март 17, 2020

Патниците во авионот кој слетал во Скопје од Брисел, а кои имаат симптоми на грип ќе бидат однесени на Клиниката за инфективни болести да бидат тестирани ковид-19, додека другите ќе чекаат на аеродромот додека не стасаат резултатите, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. – На аеродромот во Скопје слета авион од Брисел […]

Кочани доби мурал со гас маска во време на корона и аерозагадување

март 17, 2020

Во време на подзаборавеното аерозагадување, а сè позасилениот страв од корона вирусот Ковид-19, потпорниот ѕид кај тн. „Атомски згради“ на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, доби мурал со гас маска. Муралот е уметничка креација на Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов и други. – Овој ѕид претходно беше наменет исклучиво за изборни плакати. Сѐ уште […]

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

март 16, 2020

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните […]

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

март 16, 2020

Неодговорното пренесување разни неточни текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона-вирус COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал, се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за лекар), кои […]

Советот за безбедност денеска ќе решава за понатамошното постапување околу корона вирусот

март 16, 2020

Во Кабинетот на претседателот на државата денеска во почеток во 16 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски. Советот за […]

Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се испратени во Тирана

март 12, 2020

По паниката што започна да се појавува во Косово во врска со коронавирусот, со оглед дека бројот на заболените во соседните земји е зголемен, порталот Индексонлajн се придружи на овој тренд и објави ифнормација дека некои сомнителни примероци се испратени за верификација во Тирана. Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com, ја провери оваа […]

Страна 122 од 122