fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

МИТ подготвува апарат за вештачко дишење што ќе чини до 300 пати помалку од сегашните

Photo by MD / MIT
Во време на пораст на пандемијата на Ковид-19, тим што е формиран во Мсачусетскиот институт за технологија (МИТ) работи на создавање многу евтин апарат за вештачко дишење, чии нацрти и софтвер се со отворен код и ќе бидат достапни на сите заинтересирани што сакаат да го изработуваат. Вентилаторите во денешно време чинат и по 30.000 американски долари, а се...

Над 7.000 заболени од Ковид-19 на Балканот, најголем број во Србија и во Грција (видео)

Додека бројот на регистрирани случаи на заболени од корона вирусот на светско ниво достигна над еден милион, во земјите од Балканскиот полуостров до 3 април се регистрирани вкупно 7.200 заболени. Најголем дел од нив се во Грција - 1.613 и Србија - 1.476, а најмал број се до сега откриени во Црна Гора - 197 и Косово - 126. Северна...

Куманово од вечерва до понеделник во карантин, градот е ново жариште на заразата

Владата денеска донесе одлука за забрана на движење, односно полициски час во Куманово. Целосна забрана за движење има во време на викендот во периодот од 21 до 5 часот изутрина, а во работните денови, забраната за движење ќе важи во периодот од 16 до 5 часот следниот ден. Во градот веќе има забрана за меѓуградски и градски превоз, а...

Психијатар заболе од корона вирус, немал никакви симптоми

Заклучно со денешните бројки во земјава има вкупно 342 новозаболени лица од корона вирус, а нови се 30, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека сите податоци поврзани со болеста, заедно со препораките и мерките ќе може да се читаат на www.koronavirus.gov.mk. - На Kлиниката за инфективни болести се хоспитализирани 64 пациенти, од кои шестмина се новопримени. Осуммина...

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (1)

Пандемијата на корона вирусот затвори милиони ученици и студенти ширум светот во своите домови. Тие се принудени и да учат од дома зашто немаат друга опција, а тоа е нешто што е предизвик не само за нашиот образовен систем, туку и за системите во далеку поразвиените земји. Многу детски и дневни соби, па и трпезарии периодов се претворени во мини...

„Празната болница“ во Болоња не била празна, а Исланд не ги тестирал сите жители

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Нови 25 лица позитивни, еден починат и петмина излекувани

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти кои се на два контролни теста негативни, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека од 28 пациенти во Дебар кои се наоѓаат на домашно лекување, на 11 им се земаат контролни брисеви, а кои се во добра општа здравствена состојба, па согласно тоа ќе се постапи во нивниот...

Бројката на заразени со Ковид – 19 во светот порасна за 73.783 лица

Бројката на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 860.793, што е за 73.783 лица повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 189.633, што во однос на...

Едниот тест детектира присуство на корона, а другиот дали сте го прележале вирусот без да знаете

Нема разлика меѓу тестовите за ковид-19 што се прават во приватните здравствени институции, со оние кои се прават во државната лабораторија на Институтот за јавно здравје. Има разлика во типот на тестови, појасни пред малку на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира за низата активности кои државата ги прави за да се справи со кризата предизвикана од...

Бугарија ја повлече наредбата за задолжително носење маски, но ќе купи милион парчиња за сиромашните

Министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев ја повлече својата наредба издадена вчера за задолжително носење маски на отворен и затворен јавен простор. Тој ваквото премислување на брифинг во владата го оправда со непостоење општествен консензус за ова прашање. - Ќе им се обратам на граѓаните со нашата препорака да ги користат маските постојано, кога ќе го напуштат домот и...

Двајца пациенти починаа од компликации од корона вирусот

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, а починатиот од Дебар имал ХОБ (хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. „Во изминатите 24 часа...

Министерството за здравство отвора сметки за донации, донацијата во опрема ќе се договара посебно

Министерството за здравство соопшти дека за сите поединци и фирми што сакаат да донираат пари како помош за справувањето со состојбата со Ковид-19 во земјата, тоа ќе може да го направат преку банкарски сметки. Во денари: Сметка бр. 1900100434 785 K2; Депонент на: НБРМ; Приходна шифра бр. 744311; Програма бр. 10; Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“. Во американски долари: Correspondent bank details: CITIBANK NA NEW YORK Address:...

Турција и Романија балкански рекордери по порастот на новозаразените и починатите

Според најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата со новиот корона вирус секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот, во изминатово деноноќие најголемите порасти на нови заразени со Ковид-19 има во двете најмногубројни земји на Балканот – Турција и Романија. Така, за само 24 часа, Турција регистрирала 1.610 нови случаи на...

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба - потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка...

За 24 часа нови 63.270 заболени од Ковид-19 во светот

За само 24 часа, бројката на случаи на Ковид-19 во светот се искачи за 63.270 и претпладнево изнесува 787.010 случаи, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. Порастот што е регистиран во изминатото деноноќие е сличен на тој на 26 март, кога првпат дневниот...

Филипче очекува врвот на епидемијата да биде за еден месец, досега излечени 12 пациенти

Денеска се испишани уште деветмина пациенти, излекувани од корона вирусот, со што вкупната бројка на излечени е 12, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Осуммина од пациентите се од Дебар, а еден е од Скопје. Сите имаат два последователни негативни тестови. - Очекуваме да имаме уште излекувани пациенти со оглед на тоа дека имаат полесна клиничка слика. За...

Над 40 проценти од светското население во карантин

Над 3,38 милијарди луѓе во речиси 80 земји и територии се во состојба на домашен карантин, по наредби или препораки од властите, како мерка за справување со ширење на новиот корона вирус, јави АФП. Тоа се околу 43 отсто од светското население, кое според податоците на ООН од годинава изнесува 7,79 милијарди. И најголемата земја на светот, Русија, ги затвори...

Во светот речиси 724.000 заразени, со 34.018 смртни случаи

Бројката на заразени со новиот корона вирус во светот се искачи на 723.740, со 34.018 смртни случаи и 152.042 излекувани, покажуваат најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. Со 10.779 смртни случаи и понатаму со трагичниот биланс е прва Италија, по што следуваат Шпанија...

„Мама, мама, седи дома“ – молдавските мим-херои пеат двојазично за пензионерите во самоизолација

Молдавската музичка група „Санстроук проџект“ (во превод „Проектот Сончаница“) ја адаптира поранешната евровизиска нумера „Хеј мама“ за потреби на едукативен спот со кој се обраќаат на пензионерите во ерата на епидемијата на Ковид-19. Песната е на руски и романски јазик, објавена со превод на англиски. Видео клипот на комичен начин ги повторува главните препораки од Светската здравствена организација и државните...

Вирусот не ги штеди младите, почина 31-годишник, 18 се новозаболени и 259 заразени лица

На Клиниката за инфективни болести денеска за жал починаа две лица, еден пациент на 91 години и тоа осум дена откако бил хоспитализиран, како и уште еден млад човек на 31 годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Вкупниот број на новодијагностицирани лица е 18, па сега вкупниот број е 259...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...