fbpx

Нови 25 лица позитивни, еден починат и петмина излекувани

-

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти кои се на два контролни теста негативни, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека од 28 пациенти во Дебар кои се наоѓаат на домашно лекување, на 11 им се земаат контролни брисеви, а кои се во добра општа здравствена состојба, па согласно тоа ќе се постапи во нивниот натамошен третман.

Денеска починала уште една пациентка на 65 години, со претходни болести. Таа една недела се лекувала на клиниката, имала бројни болести.

– Клинчката слика одела со постепено влошување, за да на крајот била неопходна реанимација која не дала резултат. На клиниката се примени деветмина нови пациенти, сега се вкупно таму хоспитализирани 59 пациенти, од кои 12 се со потешка клиничка слика, а петмина се на механичка вентилација. Во последните 24 часа има 25 нови случаи со корона вирус. Сега вкупната бројка на заболени е 353 – рече министерот.

Тој ја објасни и ситуацијата со двете родилки на Клиниката за гинекологија и акушерство.

– Во едниот случај станува збор за второротка од Куманово на возраст од 27 години, која е на 30 март примена со знаци за намалена плодова вода, по што е породена со царски рез. На клиниката била спроведена по патеката за изолација зашто била сомнителна за корона. Земени се брисеви, тестот е позитивен. Родено е машко новороденче кое сега е на интензивна нега и е изолирано. Не е на респиратона машина туку на кислородна покривка, денес и на бебето ќе му се земе брис. Во вториот случај, се работи за родилка донесена вчера на 37 годишна возраст, со телесна температура и со констатиран мртов плод. Направени се целосни анализи, земен е брис за корона, плодот е изваден, имало и гној, што може да е причина за фебрилноста на пациентката, но се чекаат резултатите од брисот. Ситуацијата се влошила, направен е обид за реанимација, но е констатирана смрт. Ќе има обдукција, станува збор за комплексен случај, пациентката имала прекумерна тежина. И во двата случаи со родилките е постапено според протоколот за изолација на Клиниката за гинекоголија и акуштерство. Апелирам до сите пациенти кои доаѓаат на клиниката да се придржуваат на насоките и да кажуваат тони информации – рече Филипче.

Тој рече и дека, мајките кои се на породилно отсуство, тоа ќе им биде продолжено затоа што на оние на кои им завршува породилното отсуство, не можат да ги запишат децата во градинките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...