fbpx

Во светот речиси 724.000 заразени, со 34.018 смртни случаи

-

Бројката на заразени со новиот корона вирус во светот се искачи на 723.740, со 34.018 смртни случаи и 152.042 излекувани, покажуваат најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

Со 10.779 смртни случаи и понатаму со трагичниот биланс е прва Италија, по што следуваат Шпанија со 6.803 починати, по што следува бројката од 3.186 починати во Кина, каде почна смртоносниот поход на новиот корона вирус. Следуваат Иран со 2.640 смртни случаи, Франција со 2.606, па Обединетото Кралство со 1.228.

На црната листа следен е градот Њујорк со 776 починати, а потоа се Недерландија со 771 смртен случај, Германија со 541, и Белгија со 431 смртен случај.

Според бројката на заразени, пак, предничи САД со 143.025, потоа е Италија со 97.689 случаи, Кина со 82.152, Шпанија со 80.110, а по неа е Германија со 62.435 заразени лица. Следуваат Франција со 40.723, Иран со 38.309, а од оваа земја до следната по бројката заразени – Обединетото Кралство, со 19.784 случаи, има пад од речиси 50 отсто.

Според последните податоци соопштени во Софија утрово, бројката на заразени во Бугарија изнесува 354 лица, со пораст од 16 нови случаи во изминатото деноноќие. Досега осум луѓе починале, со просечна возраст од 66 години. Моментално во Бугарија во болница има 127 лица, од кои 13 се интубирани.

Од балканските земји, најлоша е состојбата во Романија, која е и најмногубројната. Во оваа земја според универзитетот „Џонс Хопкинс“ има 1.815 регистрирани случаи, со 43 починати.

Во Хрватска од почетокот на ширењето на вирусот се регистирани 713 случаи, од кои шестмина починати. Во Босна и Херцеговина има 340 случаи, двапати помалку од Хрватска, но бројката на смртни случаи е иста – 6.

Србија досега има 741 регистриран случај со новиот корона вирус, со 13 смртни случаи, а засега нема регистрирано излекувани лица.

Во Црна Гора има 85 заразени, со 1 смртен случај, Косово 94 заразени со 1 смртен случај, а во Албанија 212 досега регистрирани случаи, со 10 смртни случаи и 33 излекувани.

Во Грција досега се регистрирани 1.156 заразени, 39 смртни случаи и 52 излекувани лица, а во Турција 9.217 заразени, 131 смртен случај и 105 излекувани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
udemy free download
download samsung firmware
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download