fbpx

Психијатар заболе од корона вирус, немал никакви симптоми

-

Заклучно со денешните бројки во земјава има вкупно 342 новозаболени лица од корона вирус, а нови се 30, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека сите податоци поврзани со болеста, заедно со препораките и мерките ќе може да се читаат на www.koronavirus.gov.mk.

– На Kлиниката за инфективни болести се хоспитализирани 64 пациенти, од кои шестмина се новопримени. Осуммина се со потешка клиничка слика. Има и пациенти во сосема добра состојба, па ако се негативни ќе бидат испишани. Еден од новозаболените пациенти е психијатар од психијатриската болница во Демир Хисар. Тој е асимптоматски случај, но имал позитивна семејна анамнеза епидемиолошка. Бил во контакт со колегите, преземени се мерки и со другите вработени, дадена им е препорака за самоизолација – рече министерот.

Тој кажа дека земјава отсега ќе учествува во Европскиот солидарен фонд, како и дека Холандија донирала кабинет за дијагноза на корона и тестови за 2.000 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...