fbpx

Бугарија ја повлече наредбата за задолжително носење маски, но ќе купи милион парчиња за сиромашните

-

Министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев ја повлече својата наредба издадена вчера за задолжително носење маски на отворен и затворен јавен простор. Тој ваквото премислување на брифинг во владата го оправда со непостоење општествен консензус за ова прашање.

– Ќе им се обратам на граѓаните со нашата препорака да ги користат маските постојано, кога ќе го напуштат домот и во согласност со законот за здравјето, во кој е кажано конкретно кои места се сметаат јавни. Длабоко сме убедени дека оваа мерка ќе го оддалечи од нас оној момент во којшто би требало да пристапиме кон потешки мерки – рече Ананиев.

Тој исто така посочи дека државата ќе купи еден милион заштитни маски за социјално загрозените граѓани, коишто не можат да си ги дозволат.

– Ќе порачаме маски тип FFP2 или 3 – појасни тој.

Истовремено, бугарскиот премиер Бојко Борисов имал телефонски разговор за купување од Јужна Кореја на по 30.000 PCR тестови за корона вирус месечно, но точната бројка треба да се утврди наскоро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...