четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: маски | 84 резултати

Не постојат полициски командири фатени зашто наредувале казни за неносење маска, освен во фантазиите на Кју анон

15 јануари 2023

Постот што го рецензираме  шири дезинформации и има конспиративен призвук што произлегува од употребата на буквата „Q“ (кју) на крајот од објавата – препознатлив симбол на Кју анон теоријата на заговор. Нафрленото тврдење во постот дека присилното носење маска е кривично дело,  не е точно. Носењето маска во одредени периоди на пандемијата беше задолжително, дури […]

Со палење маски попладнево ќе заврши вевчанскиот карневал

14 јануари 2023

Со палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, како и со традиционалното василичарско оро попладнево ќе заврши годинашното издание на вевчанскиот карневал. Палењето го симболизира бркањето на злото, а Вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. И годинава во фокусот на карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. […]

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

25 декември 2022

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно […]

Не е точно дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата

19 декември 2022

Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со нелагодност, вртоглавица или гадење или при тешка хиперкапнија со губење свест. […]

Законски измени за ковид-19 во Западна Австралија се извадени од контекст

7 ноември 2022

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека ставките како влез во приватни имоти без судски налог, присвојување и користење подвижен и недвижен имот, наметнување медицински третман, карантин платен со парите на граѓаните, не е предвидено да се применуваат без претходно да се исполнат одредени услови. Всушност, на 31 октомври […]

Следните 15 дена во Црна Гора задолжително e носењето заштитни маски

29 јули 2022

Поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот во Црна Гора во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски. Здравствените власти исто така упатија апел до граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, пренесе црногорскиот портал Вијести. Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во […]

За една недела бројот на нови ковид-случаи пораснал за 65,8 отсто

29 јуни 2022

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8 отсто, информираат оттаму.  Тие констатирале и дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на […]

Отворена изложбата „Еволуција – маски од Торесовиот теснец“ во „Мала Станица“

9 јуни 2022

Меѓународната патувачка изложба создадена од културниот центар „Габ Титуи“ во соработка со Националниот музеј на Австралија, австралиското Министерство за надворешни работи и трговија и Амбасадата на Австралија во Белград, вчеравечер беше отворена во објектот „Мала Станица“ на Националната галерија на Македонија. Изложбата прикажува маски од областа на Торесовиот теснец – група на острови лоцирани помеѓу […]

Вистиномер: Не е точно дека целта на ковид кризата е да се формира глобална светска влада

3 јуни 2022

Најголемиот доказ дека зад ковид кризата нема некаков имагинарен заговор за формирање светска влада е фактот што и по кризата секоја држава и понатаму функционира со единствена своја влада, исто како и пред и за време на кризата. Фактот што постоеше усогласеност меѓу дел од владите и координација во справувањето со пандемијата, во смисла на […]

Порталб: По пожарот во Тетово, граѓанското општество загрижено за последиците од загадувањето, надлежните мислат поинаку

1 јуни 2022

Завчерашниот пожар што избувна во претпријатието „Пофикс“ во Тетово го покри градот со црн чад. Иако податоците од Министерството за животна средина и министерот велат дека квалитетот на воздухот е во границите на нормалата, еколошките организации и активисти велат дека воздухот е загаден и дека пожарот освен што е предизвикана лоша миризба во градот, граѓаните […]

Владата ги укина маските на затворено, освен во јавниот превоз и здравствени установи

12 април 2022

На денешната седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ), односно го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост, соопшти владината служба за […]

Владиниот Кризен штаб прифати делумно укинување на маските, на потег е Владата

12 април 2022

Главниот координативен кризен штаб прифати неколку одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести кои ги проследи до Владата. Најголемата работа за која ќе треба да се произнесе Владата е заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни […]

Координативниот кризен штаб предложи укинување на маските во училиштата и зголемување на дозволениот број на луѓе во затворени простори

26 март 2022

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) вчера ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата и упати предлот за измена на одлуката за носење маски во училиштата. Ако Владата го прифати предлогот, учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара […]

Основците да не носат маски, предлага Комисијата за заразни болести

16 март 2022

Да се укине обврската децата во училиштата да носат маски како заштита од ковид, е една од трите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага, а за кои соопшти на денешниот редовен состанок. „Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, но и на оние критериуми што ги споменавме минатиот пат со кои […]

ЦГК: Ризици од корупција при јавните набавки поврзани со ковид-19

10 март 2022

Во првата половина на 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство каква што беше 2020, констатира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во најновиот Извештај за јавните набавки за заштита од ковид-19 изработен врз основа на длабочинско следење […]

Вистиномер: Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

10 февруари 2022

Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари […]

Вистиномер: Нема докази дека маските предизвикуваат потешкотии во говорот кај децата

9 февруари 2022

Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како […]

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

26 јануари 2022

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во […]

Вистиномер: Топ три дезинформации за заштитните маски во 2021 година

8 јануари 2022

Коронавирусот којшто веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, пеат, кашлаат или киваат. Заштитните маски доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Но и покрај важноста на заштитните маски при спречување на […]

Вистиномер: Коронавирусот не е глупост и тргањето на маските нема да доведе до негово исчезнување

3 јануари 2022

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на една дезинформација за заштитните маски што се шири на социјалните мрежи: Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го […]

Страна 1 од 4