Владата со новите економски мерки ќе ги субвенционира и медиумите

Владата на денешната седница донесе одлука, со новите економски мерки да ги субвенционира и медиумите.

Премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата посветена на овие мерки, не даде прецизно објаснување кои медиуми, медиумски работници ќе бидат опфатени и како тоа ќе се реализира, и истакна дека за сите детали ќе биде донесена уредба.

Исто така, за сега не е познато, колку средства од предвидените 200 милиони евра за новите мерки, ќе бидат наменети за медиумите.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.