четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: мерки | 335 резултати

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

јуни 24, 2025

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите […]

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

мај 28, 2025

Вкупно 720 млади лица ќе добијат поддршка за самовработување (евработени млади лица до 29 години), а со мерката, тие ќе добиваат поддршка да започнат или да формализираат сопствен бизнис, со услов да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Ова е предвидено со новиот оперативен план за вработување кој го усвои Владата, а […]

Метапнеумовирусот ќе се шири уште повеќе но нема потреба од паника, велат лекарите

февруари 10, 2025

Метапнеумовирусот (HMPV) предизвикува вирусна пневмонија, но тој не е опасен, на ниво е на грипот и поради тоа нема простор за паника, велат здравствените експерти. Кај нас не се води специфична евиденција само за случаите на метапнеумовирус, токму поради тоа што, како што објаснуваат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), нема ризик дека може да […]

Владата понуди проекти за почист воздух, екологистите бараат да има одговорност ако не се реализираат

декември 28, 2024

Дваесет проекти, поделени во осум проектни програми, содржи „Планската програма за почист воздух, 2024-2030“, која пред десетина дена ја промовираше Владата. Секоја од програмите, за греење без емисии за домаќинствата, за јавните објекти, мерки за индустријата, за намалување на влијанието на транспортот, за забрана за палење на горливи материјали, за шумите и зеленилото, за управување […]

Намалување на загадувањето од домаќинствата, индустријата и транспортот, дел од новата владина Програма за почист воздух

декември 16, 2024

Проекти за греење без емисии за домаќинствата со изградба на гасни централи, проект „Државата не загадува“ за намалување на загадувањето од јавните објекти, мерки за индустријата, намалување на влијанието на транспортот, забрана за палење на нивите, како и формирање на општински редарски служби и комунална полиција се проектите кои се дел од „Планската програма за […]

Препорачуваат вакцинирање против ковид-19, а вакцини нема

август 25, 2024

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје. Мета.мк се обрати до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што […]

Советот на Скопје усвои граѓански предлози за намалување на загадувањето, следно е да донесе одлуки и да ги спроведе

јули 17, 2024

Советот на Скопје ги прифати сите 19 предлози за намалување на загадувањето на воздухот кои ги предложи првото Граѓанско климатско собрание на Скопје. Иницијативите се со различен рок на имплементирање, од неколку месеци до неколку години. Скопјани предложиле мерки како редовно миење на улиците, засадување на повеќе дрвја, подобрување на велосипедската инфраструктура и да се […]

Бремените жени и повозрасните лица се ослободени од работа до 18 јули

јули 11, 2024

Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година. […]

(AНАЛИЗА) Најголем број невработени до 29 години има во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар

февруари 27, 2024

Од вкупниот број на невработени лица во државата, по повеќе од 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во овие три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број на невработени лица до 29 години. Од вкупниот број невработени, 18,2 […]

ЈО: На Онкологија биле издавани скапи лекови на ден пред смртта на пациентите

јануари 31, 2024

На пациентите кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија и радиотерапија им се препишувале и издавале скапи имунотерапевтски лекови еден ден пред да починат, кога веќе било очигледно дека нема да имаат бенефит од таквата терапија. Ова се дел од наодите кои денеска на брифинг со новинарите ги изнесоа обвинителите од скопското Јавно […]

Шукова: Општините мора да имаат мерки против аерозагадување и да се посветат на нивна реализација

јануари 3, 2024

Општините да имаат Планови за воздух и да спроведуваат мерки за справување со аерозагадувањето, апелираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Таа информираше дека во четири градови во земјава, Скопје, Битола, Куманово и Тетово се спроведува проект финансиран од Европската Унија, вреден 10 милиони евра, со кој ќе се заменат застарени системи за затоплување […]

Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

декември 28, 2023

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашање е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје. По тој повод, денеска реагираа од советничката група на „Зелен хуман град“. „Уште од јануари 2023 година, „Зелен хуман град“ поднесе […]

Стапуваат мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето во Скопје

декември 27, 2023

Во Скопје е надминат прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар кубен, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Концентрациите на ПМ-10 честички се повеќе од четири пати над дозволените максимални концентрации на мерната станица во Лисиче, како и три пати над […]

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на ПМ 10 честички во Кичево и Струмица

декември 21, 2023

Прагот на алармирање на суспендираните честички со големина од 10 микрометри (ПМ 10 честички) е надминат на мерните места во Кичево и Струмица, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Поради ова, во овие два града ќе стапат на сила препораки и мерки. Согласно мерките и препораките, МЖСПП во соработка со Министерството […]

По алармирањето на Порталб, студентите на ПМФ ќе имаат чувари

ноември 15, 2023

По алармирањето на Порталб.мк за поплаките на студентите дека по патот за на Природно-математичкиот факултет во Автокоманда тие се мета на крадци, Универзитетското студентско собрание (УСС) преку социјалните мрежи ги извести студентите дека ќе има чувари на факултетот, а вежбите нема да се одржуваат по 16 часот, како и дека ќе се зголеми безбедноста на […]

За енергетска ефикасност повеќе се зборува, но слабо се применува

јуни 23, 2023

Една куќа од 45 квадратни метри која нема изолација и се затоплува со печка со дрва, доколку спроведе неколку мерки за енергетска ефикасност како што се изолација на ѕидовите, нов покрив, нови прозорци и инсталирање на топлинска пумпа, потрошувачката на енергија и емисиите на загадувачки гасови може да ги намали за три пати. Сепак, овие […]

Комисијата за здравство со препорака да се укинат и последните мерки против ковид-19

мај 8, 2023

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ), ќе предложат до Владата да ги укине мерките за задолжително носење маски во јавен превоз, во аптека, болница и во домови за стари лица. Предлогот треба да помине прво во Министерството за здравство (МЗ), па потоа во Кризниот штаб на Влада, а крајната одлука ја носи Владата. „По […]

По трагедијата во Белград, МОН ќе ја враќа воспитната компонента во училиштата

мај 4, 2023

Психолози, педагози, експерти за безбедност и сајбер насилство утре ќе се состанат во Министерството за образование и наука (МОН), по што ќе дадат препораки и заклучоци за тоа, што треба да се менува и подобрува во образовниот систем, соопштија оттаму. Ова следува по вчерашната трагедија во Белград, во која седмоодделенец уби деветмина и рани негови […]

Со полициски патроли во училиштата ќе се јакне безбедноста во услови на дојави за бомби

март 3, 2023

Постојани полициски патроли кои ќе ги обезбедуват училиштата, како и упаство кое ќе содржи како да се постапува во деновиве кога ќе стасуваат дојави за бомби. Ова го договориле на денешниот состанок премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Бирото за јавна безбедност […]

МОН: По добиена дојава за бомба, наставата да не се прекинува, туку да продолжи онлајн

февруари 23, 2023

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) испратиле допис до основните и средните училишта во државата, во кој наложуваат директорите да организираат настава на далечина во деновите кога ќе добијат дојави за поставени бомби. Ова се случува за учениците да не губат од настава бидејќи дојавите се зачестени, а информацијата за дописот од МОН […]

Страна 1 од 17