fbpx

Ковачевски: Имаме највисоки стапки на инфлација во последните 50 години, пред нас е исклучително тешка зима

-

Никого нема да заборавиме, никого нема да оставиме сам да се справува сам со последиците од оваа криза. Ќе ја пребродиме сите заедно оваа исклучително тешка зима која е пред нас, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Тој ги презентира мерките за ублажување на кризата кои главно се насочени кон граѓаните од ранливите категории. Кажа дека негова работа како премиер е да овозможи зимава да се преброди на најдобар можен начин.

„Кризава и во најразвиените земји е најголемата после втората светска војна. Имаме највисоки стапки на ифлација во последните 50 години. Во Франција има недостаток од дизел гориво. Заедно со нашите партнери од регионот и соседите ќе се погрижиме сите да бидат згрижени оваа зима“, рече Ковачевски.

Со најновата одлука, како што кажа, ќе се вратат парите на граѓаните, односно кај најранливите категории на граѓани. Усвоен е нов сет мерки вреден над 350 милиони евра за кој економскиот импакт се очекува да е голем.

„Наша цел е да ги искористиме ресурсите со кои располагаме, но и контактите со нашите пријатели од регионот, за да обезбедиме струја за семејствата, училиштата, болниците и претпријатијата. Mинистерот Бектеши беше во Турција за да разговара со нивната компанија за електрична енергија. Енергенси, струја и парно мора да има“, рече премиерот.

Неколку пати повтори дека се наоѓаме во тежок период, во кој нема простор за изобилие, туку има простор за солидарснот и поддршка за најранливите категории граѓани.

„Со овој ребаланс на буџетот кој беше усвоен, осигуравме дека ќе се продолжи со мерката поластена даночна стапка од 5 отсто за да се ублажи ударот од големата цена на струјата на светските берзи. 4.000 семејства ќе имаат намалени сметки за потрошената енергија, односно секое семејство ќе биде помогнато со 200 евра за една година. Обезбедивме над 25 милиони евра кои стопанството може да ги користи за справување со кризата“, рече тој.

Ковачевски кажа дека продолжува да важи мерката за субвенционирање на цената на струјата, за што се издвоени пари со цел сметките на граѓаните да останат на исто ниво до крајот на годината. За да може ова да се случи одвоени се 222,7 милиони евра.

„Зголемени се пензиите за повеќе од 330 илјади пензионери. Со септемвриската пензија имаше покачување од 6,8 проценти. Во март идната година пак ќе има усогласување со трошоците на живот. Ќе има субвенции за земјоделците, а со над еден милион евра ќе ги поддржуваме училишта“, кажа Ковачевски.

Дел од овие мерки треба да поминат низ собраниска процедура бидејќи за некои од нив треба да се подготват законски измени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...