fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Филипче: Мерките не го делат народот, туку се нужни

Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Тие не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем. Овие мерки се применуваат во многу држави и веќе даваат резултат. Ова е ставот на министерот за...

ЦУК: Пожарот кај Делчево доби нови жаришта, гори и кај Велес, Берово и во село Буковиќ

Пожарот во делчевскиот регион од синоќа доби нов интензитет и се прошири на две нови жаришта, селата Разловци и Тработивиште. Денеска таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР, вработени во јавното комунално претпријатие од Делчево, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека пожарот во село Будинарци е активен и се проширува кон општина Берово. - Таму...

Присуство во објект во кој има повеќе од 30 лица, само со потврда за примена вакцина

Од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено, а од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни. Ова се главните заклучоци усвоени на последната седница на Владата, информираат оттаму. - На седницата, врз основа на препораката на...

Имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа. „Искрено верувам дека така и ќе продолжиме. Изминатава недела имаме прилично висок процент за вакцинација што сметам дека е многу добро и се надевам дека така и ќе продолжи,“ рече Филипче,...

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки за заштита од ковид-19

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата и во моментов останува на досега прeпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба. „Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите...

Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 отсто, велат од Народна банка

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа да остане иста, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика го задржа олабавениот карактер. „Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување...

Владата прифати: Нема повеќе маски на отворено, дозволени се свадби и публика на спортски натпревари

Владата на 75. седница ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39. седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на ковид-19. Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања: - Се укинува носењето заштитна маска...

МВР растури домашна забава, приведени 28 лица

Денеска 21 мај, во 03.00 часот на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишени од слобода се 28 лица, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР. „Имено, постапувајќи по претходна пријава, а по...

Даде ли резултат карантинот наметнат од Албанија за граѓаните од Северна Македонија

Албанија воспостави задолжителен двонеделен карантин, од 20 април до 3 мај, за Северна Македонија и Грција. Ова беше најстрогата рестриктивна мерка на Албанија кон соседните земји од почетокот на пандемијата ковид-19. Додека туристичкиот сектор ги претрпе најштетните последици од оваа одлука, познавачите на епидемиолошката состојба изразуваат различни ставови за истата, пишува Порталб.мк. На 3 мај  истече одлуката за двонеделен карантин...

Полициски час од полноќ и други олеснителни мерки ќе предложи главниот координативен кризен штаб до Владата

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување: Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и...

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места

Премиерот Зоран Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај. Во обраќањето, Заев наведува дека освен здравјето на луѓето, кризата се заканила да загрози илјадници работни места и затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата бил македонскиот работник. „Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници...

Заев: Економијата заздравува, имплементацијата на сите пакет мерки е 82 проценти

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 проценти е растот на вкупните приходи, пет проценти е растот на даноците и придонесите, истакна премиерот Зоран Заев. Според него, вториот пакет економски мерки е имплементиран 100 проценти, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82 проценти или 860 милиони евра. Тој смета дека економските мерки го подобрија...

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги...

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Министерство за внатрешни работи информира дека вчера на 28 февруари (недела), по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик. „Свадбата била прекината,...

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Oд утре 25 февруари почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во...

Анализа: Со вистински мерки, ковид-19 може да биде шанса за македонската економија

Нарушувањата во надворешната трговија предизвикани од ковид-19 кризата го влошуваат инвестицискиот сентимент на извозно-ориентираните компании. Но, кризата отвора можности за извозниците и мултинационалните компании кои делуваат во Северна Македонија во однос на реориентација и адаптација на производните капацитети на „новото нормално“ окружување, на освојување нови пазари и релоцирање на капацитети од далечните пазари доколку присуството на тие пазари е...

Во петтиот пакет мерки, финансиската помош за фирмите и граѓаните изнесува 160 милиони евра

Петтиот економски пакет кој ќе биде наменет за финансиска помош на компаниите и граѓаните тежи 160 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Истиот содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на...

Порталб.мк: Најработоспособните до 49 години – најмногу на удар на економската криза [инфографик]

Најранливи на економската криза се вработените до 49 години, покажува анализата на Порталб.мк. Невработеноста на младите се намалува, но и натаму останува најдлабока. Ковид-19 кризата истисна на површина бројни проблеми и слабости на пазарот на труд. Ова се дел од наодите во анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот...

Казни за 428 лица што не носеле маски

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во изминатите 24 часа, полициски службеници откре 428 прекришоци на уредбата за задолжително носење заштитна маска. Бројката на прекршоци се однесува на целата земја, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ширењето на ковид-19.

МВР санкционира 228 возачи во Скопје, изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 23 јануари, во акциските контроли во сообраќајот, само во Град Скопје изрече вкупно 228 мерки. Меѓу нив, за возење без возачка дозвола 25, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...