По алармирањето на Порталб, студентите на ПМФ ќе имаат чувари

Универзитетското студентско собрание (УСС) преку социјалната мрежа Инстаграм ги известило студентите дека е разговарано со деканот и се одлучило да се преземат мерки за да се зголеми безбедноста на студентите

-

По алармирањето на Порталб.мк за поплаките на студентите дека по патот за на Природно-математичкиот факултет во Автокоманда тие се мета на крадци, Универзитетското студентско собрание (УСС) преку социјалните мрежи ги извести студентите дека ќе има чувари на факултетот, а вежбите нема да се одржуваат по 16 часот, како и дека ќе се зголеми безбедноста на локацијата, известува Порталб.мк.  

Студентите на Природно-математичкиот Факултет во Скопје минатата недела потпишале петиција со неколку барања до факултетот за да се зголеми безбедноста на студентите при одење на предавања.

Универзитетското студентско собрание (УСС) преку социјалната мрежа Инстаграм ги известило студентите дека е разговарано со деканот и се одлучило да се преземат мерки за да се зголеми безбедноста на студентите. Во соопштението се вели дека е побарано од полицијата да има почести контроли во близина на Факултетот, чуварите во нивните смени да ги контролираат просториите на Факултетот, додека вежбите повеќе нема да се одржуваат по 16 часот.

„Драги колеги, во однос на инцидентот на ПМФ, уште претходната недела и по наша иницијатива случајот беше пријавен во полиција и беше побарана засилена полициска контрола. Денес во координативен разговор со Деканот на ПМФ добиени се следните информации:

– обезбедувањето ќе прави обиколки во текот на смените

– вежбите нема да бидат одржувани по 16 часот

– ќе биде засилено обезбедувањето на локацијата“, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.

Тие исто така информираа дека деканот Даворин Трпевски ќе се сретне и со претставници на Министерството за внатрешни работи за да се засилат контролите.

Но, студентите за Порталб.мк рекоа дека освен соопштението на социјалните мрежи, ним никој не им рекол ништо од страна на Факултетот.

Студентите со години наназад се мета на крадци, кои ги напаѓаат по пат за на факултет и им ги крадат личните работи. Последниот случај беше пријавен и во Порталб.мк, при што еден студент потврди дека на 28 октомври под закана со нож  му бил украден телефонот откако си одел од факултетот.

По изјавата на студентот и потврдувањето на случајот од страна на полицијата, Порталб.мк постави прашање за барањата на студентите до Министерството за внатрешни работи, Општина Гази Баба и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Природно-математичкиот факултет се наоѓа во Општина Гази Баба во Скопје, односно во близина на Парк-шумата Гази Баба. Студентите за да стигнат до факултетот морат да се качат по скали каде што нема улично осветлување и безбедносни камери, при што од јуни оваа година пријавени се три случаи во кои студентите биле нападнати од крадци.

Студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје мета на крадци, бараат итни безбедносни мерки

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...