fbpx

Комисијата за здравство со препорака да се укинат и последните мерки против ковид-19

Минатата недела регистрирани се 66 ковид случаи. Нема починати лица. Тоа се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка. Ова е процес на премин од процес на пандемија во процес на живеење со ковид, кажа д-р Злате Мехмедовиќ

-

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ), ќе предложат до Владата да ги укине мерките за задолжително носење маски во јавен превоз, во аптека, болница и во домови за стари лица. Предлогот треба да помине прво во Министерството за здравство (МЗ), па потоа во Кризниот штаб на Влада, а крајната одлука ја носи Владата.

„По последниот сосатанок и во Светската здравствена организација, на кој Советот за итности препорача укинување на итната состојба за ковид-19, нашата Комисија ги разгледа тие препораки и донесе одлука за препорака до МЗ и до Владата, да се укинат сите задолжителни мерки и да направиме транзиција, односно да го третираме ковидот како вообичаена заразна болест“, соопшти денеска во изјава за медиумите д-р Злате Мехмедовиќ.

Сепак, во Комисијата нагласуваат дека во болниците, би требало да се носат маски како превенција од интрахоспитални инфекции.

„Препорачуваме и понатаму луѓето кои одат на посети во болници, да користат маски особено ако се во висока ризична група или иако се постари од 65 години“, кажа Мехмедовиќ.

На неделно ниво, бројот на ковид случаи во земјава е 66.

„Нема починати лица. Тоа се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка. Ова е процес на премин од процес на пандемија во процес на живеење со ковид. Вирусот ќе остане присутен меѓу нас, но и понатаму ќе треба да внимаваме. Во однос на вакцинацијата, стојат препораките за вакцинирање бидејќи токму тоа не доведе до колективен имунитет“, рече Мехмедовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...