Нема нови жаришта на африканска чума, но досега се убиени 1.305 свињи

-

Засега нема нови жаришта на болеста африканска чума кај свињите во земјава, а последниот забележан случај е на 12 август месецов во Облешево. Сепак, институциите ги спроведуваат мерките во заштитните зони од 3 километри околу постојните жаришта на болеста и досега се убиени и нештетно отстранети 1.305 свињи. За ова денеска информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по одржаниот состанок на Координативното тело за справување со африканската чума кај свињите.

Формирани се заштитни зони од 3 километри и зони под надзор во радиус од 10 километри околу жариштата каде се појавила болеста и засега надлежните институции без проблеми ги спроведуваат наредените мерки согласно Решенијаta на АХВ и утврдената динамика.

„Мерките за активен и пасивен надзор на болеста африканска чума кај свињите се спроведуваат на целата територија на државава“, истакна директорот на АХВ Николче Бабовски објаснувајќи ја моменталната состојба со болеста во земјава.

За да се стави под контрола ширењето на вирусот и да се спречат економските загуби на одгледувачите на свињи, особено на комерцијалните фарми, додаде тој, неминовно е да продолжи соработката во спроведувањето на мерките од страна на институции.

Донесен е заклучок, Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), во најкус можен рок до Владата да предложат формирање на Интервентен наменски фонд со предлог буџет, со цел брзо и навремено спроведување на мерките за контрола и искоренување на африканска чума кај свињите.

На состанокот е заклучено Ловечката федерација да преземе мерки за итна максимална депопулација на дивите свињи како резервоар на вирусот на болеста на територијата на целата земја, со посебен приоритет на регионите кои граничат со регионите под заштита и надзор, во временски период од 01.09.2022 до 30.04.2023 година. Паралелно со засилениот отстрел, ќе треба да се изврши и пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи.

Царинската управа, додаде Бабовски, согласно заклучокот на координативното тело, на граничните премини и на аеродромите треба да ги интензивира контролите на личниот багаж на патниците при влез во државата и на дневна основа да ја известува Агенцијата за храна и ветеринарство за количината и видот на запленетите производи од животинско потекло, како и истите нештетно да ги отстранува.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...