сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: медиумски реформи | 457 резултати

Слободата на изразување е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и од Брисел

11 април 2022

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа на основните права. Сепак, во Извештајот за напредокот беше забележано дека Северна Македонија постигнала ограничен напредок во областа на […]

Новинарските и медиумските организации против враќањето на државните кампањи во медиумите

9 април 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот на Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките […]

Министерството за правда ќе го повлече предлогот за пренесено негативно мислење да се одговара како за навреда

7 февруари 2022

Од Министерството за правда за Вистиномер велат дека е погрешна формулација и ненамерен пропуст тоа што во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие ,,негативно мислење”, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

21 декември 2021

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата […]

Вистиномер: Новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета чека во Собранието

22 ноември 2021

Во предлог текстот што се наоѓа во собраниска процедура на прво читање, има интервенција во повеќе од 1/3 од постојните членови во важечкиот Закон. Важна новина предвидена со новиот законски текст е значителното намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета, предизвикана со навреда или клевета од новинар во […]

Мониторинг во медиумскиот сектор: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

22 ноември 2021

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година. Резимето од мониторингот […]

Вистиномер: Субвенциите од државата добредојдени за печатените медиуми

12 ноември 2021

Во севкупното финансирање на медиумите со јавни пари влегува и субвенционирањето на печатените медиуми што се прави по утврдени правила. Правилата беа дефинирани во разговори помеѓу претставници на Владата, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, а со свои предлози учествуваа и од ЗНМ, се вели, меѓу другото, во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во […]

Вистиномер: Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

11 ноември 2021

Финансирањето на приватните медиуми со јавни пари е сѐ уште изразен проблем во Северна Македонија и покрај тоа што по парламентарните избори во 2016 г. и формирањето на политичката коалиција што ја раководи земјата од 2017 година, беше договорено и ветувано таквата пракса да прекине. Ова, меѓу другото, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за […]

Дебата на Метаморфозис: Медиумските реформи треба да се континуитет, а не тргни-застани процес

5 ноември 2021

Фондацијата Метаморфозис вчера организираше дебата за реформите во медиумскиот сектор, која што се одржа по презентацијата на сопствениот извештај „Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема“ од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите. На дебатата беа потврдени наодите од извештајот, при што заеднички заклучок на соговорниците […]

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

25 октомври 2021

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот […]

SafeJournalists: Осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите – институциите мора да реагираат

23 октомври 2021

Мрежата „SafeJournalists“, чиј дел е Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), регираше на попречувањето на работата на новинарите и нивна дискредитација во локалните избори и порача дека ќе ги алармира релевантните меѓународни институции и чинители за инцидентите. „Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа […]

Вистиномер: Измените во Кривичниот законик треба да донесат нулта толеранција кон нападите и заканите врз новинарите

19 август 2021

Отсега обвинителството ќе мора да ги прибира доказите по службена должност наместо новинарот да пријавува дека е нападнат и да се изложува на трошоци во судска постапка. Од Министерството за правда за „Вистиномер“ велат дека нивната работна група во предвид ги зела компаративните анализи од повеќе европски земји, во однос на тоа како таму правно […]

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ бараат Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања

4 мај 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат до Министерството за економија, барајќи да ги поништи тендерите за медиумска кампања. „Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска […]

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

2 мај 2021

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. […]

Едукативен центар за новинари, развиена дописничка мрежа и присуство на социјалните мрежи – МРТ го планира развојот до 2025

29 март 2021

Македонската радио-телевизија (МРТ) ја објави Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис за периодот до 2025 година. Неколку значајни новини предвидува МРТ во нејзиното работење во наредните пет години, со кои се надеваат дека јавниот сервис ќе има многу поголема улога во општествениот развој и севкупните случувања во земјава. Планиран е натамошен развој на дописничката […]

ААВМУ нема да ги одзема дозволите на радиодифузерите кои не платиле годишен надоместок

2 март 2021

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари (околу 813.000 евра), на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ

17 февруари 2021

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити и претседателот на Судско-медиумскиот совет, Иван Џолев денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е подобрување на меѓусебната соработка помеѓу новинарската и судска фела и унапредување на соработката во областа на судската транспарентност. Судско-медиумскиот совет и […]

Кина го забрани реемитувањето на Светскиот сервис на Би-би-си

12 февруари 2021

Кина официјално забрани во земјата да се реемитува Светскиот сервис на британската јавна радиодифузна куќа Би-би-си. Според радиодифузните регулатори во најмногубројната земја во светот, причината за ваквата одлука се известувањето на Би-би-си за корона вирусот и за прогонот на Ујгурите, етничко малцинство во Кина. Од Британскиот јавен радио дифузен сервис, Би-би-си порачаа оти се разочарани […]

БИРН организира дводневна обука за прибирање средства за медиуми

28 јануари 2021

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организира дводневна обука за прибирање финансиски средства, наменета за вработени во медиумите од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ, во рамките на проектот „Media for All“. Оваа обука би требало да им помогне на финансиските менаџери, проект-менаџерите или проект-координаторите и другите медиумски професионалци на повисоки хиерархиски нивоа […]

Владата ѝ додели на МРТ 90 милиони денари за програмски и технолошки развој, вработените добија К-15 за 2020 година

13 јануари 2021

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот од минатата година доби финансиски средства од Владата во висина од 90 милиони денари за програмски и техничко-технолошки развој, додека пак вработените од јавниот сервис добија К-15 за 2020 година. Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана пред новогодишната ноќ ги усвоил измените и дополнувањата на Финанскиот план на јавниот […]

Страна 1 од 23