fbpx

Медиумите и известувањето за реформите се клучни во пристапувањето на земјава кон ЕУ

Отворањето на преговорите за Северна Македонија бара реформи, посочи Мари-Мадлен Канелопулу, како и суштински промени во земјата, споделувајќи го нејзиното уверување и тоа на Делегацијата на ЕУ во земјава - дека неопходна е изградба на компетитивно општество кое ќе одговара на потребите на граѓаните и ќе ги штити основните права

-

Медиумите ќе ја играат клучната улога за на јавноста да ѝ обезбедат објективна, прецизна и фактичка информација за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и за реформите што треба да се спроведат. Токму поради тоа неопходен е независен и професионален медиумски сектор во земјава. Ова денеска го истакна Мари-Мадлен Канелопулу, раководителка на сектор при Делегацијата на ЕУ во земјава.

Дводневниот настан којшто го организира денеска и утре ЕУ е во рамките на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“. Со овој проект на ЕУ се овозможи усогласување на македонската регулатива, односно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со Директивата на ЕУ за обезбедување аудиовизуелни медиумски услуги.

Мадлен-Канелопулу рече дека пратениците од Собранието на РСМ ги усвоиле законските измени во јули годинава, но и дека проектот на ЕУ го надминува усогласувањето на овој закон со директивата на ЕУ.

Таа додаде дека проектот се обидува да одговори на прашањата за конкурентноста, одржливоста и плурализмот, како и предизвиците кои произлегуваат од надоаѓачките онлајн и дигитални медиуми, како и заштитата на новинарските права. Исто така, проектот има за цел да ги рафинира легалните рамки преку кои националниот јавен сервис ќе ги достигне европските стандарди, ќе му се осигура финансирањето и независноста, а ќе се засили и независноста на медиумскиот регулатор – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Овој проект ја покажува максималната посветеност на ЕУ кон слободата на изразување во рамките на земјите-членки, државите кои се кандидати за членство, но и на глобално ниво, рече Мадлен-Канелопулу.

Отворањето на преговорите за Северна Македонија бара реформи, посочи таа, како и суштински промени во земјата, споделувајќи го нејзиното уверување и тоа на Делегацијата на ЕУ во земјава – дека неопходна е изградба на компетитивно општество кое ќе одговара на потребите на граѓаните и ќе ги штити основните права, вклучувајќи го и правото на слобода за изразување.

На првиот ден од настанот свое обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

„Слободата на изразување е основна вредност на демократијата и човековите права. Европската Унија има важна улога во промоцијата и заштитата на слободата на изразување во земјите кандидати и во регионот на Западен Балкан, вклучително и во Северна Македонија“, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во своето воведно обраќање.

Тој нагласи дека МИОА со поддршка на ЕУ, работи напорно во подобрувањето и зајакнувањето на слободата и транспарентноста на медиумите.

„Во нашата земја, ЕУ помогна во дизајнирањето и спроведувањето на реформите насочени кон подобрување на слободата на изразување и условите за новинарите, медиумите и граѓанското општество. За нас како МИОА приоритет е независноста на медиумите, транспарентноста во сопственоста на медиумите, како и борбата против злоупотребата на моќните позиции во јавните и приватните медиуми. ЕУ ни помогна во оваа насока преку промовирање на законодавството и безбедносната клима која ја гарантира слободата и безбедноста на новинарите и активистите. Слободата на изразување е еден од важните критериуми за процесот на членство во ЕУ“, заклучи министерот Алиу.

На првиот ден од работилницата, на првата работна сесија со наслов „Клучни предизвици во обезбедувањето конкурентност, одржливост и плурализам“ свои обраќања имаа и двете ангажирани експертки во проектот на ЕУ – Дирдре Кевин и Снежана Трпевска.

Кевин го претстави Прегледот на наодите од анализата на пазарот и на економските податоци и ресурси, додека Трпевска говореше на темата „Структурни прашања за пазарот – правила за сопственоста на медиумите, механизми за доделување дозволи и закани за плурализмот идентификувани во Мониторот на медиумскиот плурализам на ЕУ“. Експертот за авторско и сродни права Валентин Пепељугоски говореше за Пристапите кон прашањата за пиратеријата и авторските права.

Фото: Мета.мк

На попладневната работна сесија насловена „Подобрување на социјалниот и економскиот статус на новинарите“, Драган Секуловски од Здружението на новинарите на Македонија имаше обраќање на тема „Што може да се направи во рамките на македонското законодавство за медиуми за да се обезбеди засилена правна рамка која ги штити социјалните и работничките права на новинарите?“.

Маја Атанасова, истражувач од Здружението на млади правници ги презентираше наодите од компаративната анализа на легислативата поврзана со работните права на новинарите и на медиумските работници. Дарко Дуридански од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги презентираше податоците за бројот и структурата на новинари и медиумски работници во медиумскиот сектор на РСМ и актуелните предизвици и потреби во однос на нивните работни и социјални услови.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, дводневната работилница е клучен елемент на втората фаза од проектот на ЕУ, откако првата фаза заврши во јули 2023 година кога Собранието на РСМ ги усвои амандманите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои овој закон се усогласи со Директивата за аудиовизуелни медиумски од 2018 година.

Денеска и утре на работилницата ќе се разговара за главните предизвици и за предлозите за решавање на другите релевантни прашања во процесот на медиумски реформи во земјава.

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...