понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги | 46 резултати

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

14 мај 2023

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за […]

Алиу: Со дигитализација на јавната администрација нема веќе да се бараат врски за да се дојде до документ

24 април 2023

Со дигитализацијата на услугите што ги нуди јавната администрација ќе се подобрат услугите кон граѓаните и ќе се намали т.н. ниска корупција, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека лично за него, дигитализацијата е еден од клучните приоритети во неговиот мандат. Алиу признава дека дигитализацијата бара […]

Во караници помина расправата за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

6 април 2023

Во тензична атмосфера и со низа забелешки од приватните комерцијални телевизии помина втората јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Откако си ги кажаа забелешките, претставниците на дел од телевизиите одлучија да ја напуштат денешната јавна расправа и да не ги сослушаат останатите учесници на настанот. Иван […]

Националното законодавство ќе се усогласува со европските медиумски стандарди, објавен е нацрт-законот

16 март 2023

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на сајтот на ЕНЕР вчера го објави нацрт-Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со нацрт-Извештајот за проценка на влијанието на регулативата и ГАП Анализа. ГАП Анализата е направена во рамките на проектот на ЕУ со наслов „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за […]

Ќе имаме помалку пари за уметност ако Македонија го изгуби пристапот до европските фондови

13 март 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир на 25 јануари годинава предупреди дека Македонија има опасност да го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини на ЕУ, доколку до 31 мај 2023 година земјава не ја усогласи својата законска регулатива со медиумската директива на Европската Унија. Помина месец и половина од ваквото предупредување на Гир, но […]

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

25 јануари 2023

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на […]

Власта во Собрание ќе турка законски измени за враќање на владините реклами

16 ноември 2022

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РСМ доставија предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто е закажан како точка на дневен ред на денешната 91-ва седница на парламентот. Законските измени се предложени од пет пратеници од власта, а со нив се бара бришење на членот 102 од Законот, со кој беше […]

Законски измени за Програмскиот совет на МРТ и Советот на АВМУ да се бира со 61 пратеник, опозицијата против

27 јануари 2021

Собранието на РСМ на продолжението на 32-та седница треба да ги усвои измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, кој пред пратениците се наоѓа на второ читање. Со законските измени предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство се предвидува во иднина Собранието да ги избира членовите на Програмскиот совет на […]

Јавните пари во медиумите и состојбата со МРТ се актуелни, но со делумно исполнети препораки на Прибе

29 декември 2020

Медиумските експерти, новинарите и менаџерите на медиумите денеска развија опширна дебата околу прашањата за јавните пари во медиумите и состојбата во која се наоѓа Македонската-радио телевизија (МРТ), во рамките на настанот „До каде сме со медиумските реформи?“, што ја организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и во чии рамки се презентираше финалниот мониторинг извештај […]

Локални и регионални медиуми поддржуваат промена на членот 102 од Законот за ААВМУ

18 декември 2020

Иницијативен одбор на локални и регионални медиуми со седиште во Битола ја поддржа владината иницијатива што јавно ја кажа премиерот Зоран Заев за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), јави МИА. Овие медиумски куќи сметаат дека се нашле во тешка финансиска и материјална ситуација, бидејќи општините […]

Заев најави промена на членот 102 од Законот за ААВМУ со што би се овозможиле јавни пари во медиумите

15 декември 2020

Премиерот Зоран Заев вчера изјави оти верува дека наскоро ќе биде даден предлог од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), односно негова промена, за да може да се помогне на медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија, општини […]

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

11 ноември 2020

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за […]

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

7 октомври 2020

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, […]

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

14 септември 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства […]

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

1 септември 2020

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат. Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет […]

Избегнување на прекумерната медиумска концентрација е една од мерките за заштита на плурализмот

7 август 2020

Со осум препораки за идното регулирање на медиумската сопственост во земјава, студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување на експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска дава можности за измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски […]

Владата со уредба им пропиша на операторите задолжително реемитување на телевизиските програми

23 јуни 2020

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба. Заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси […]

Кабелските оператори вчера времено ја исклучија програмата, телевизиите и МИОА со остра реакција

22 јуни 2020

Кабелските оператори вчеравечер околу 18 часот ги исклучија сите телевизиски канали, со исклучок на јавниот сервис – МРТ, за период од околу еден час. Во знак на протест, тие го прекинаа реемитувањето на програмите и на црни екрани ги испишаа нивните барања за промена на владината уредба донесена на 29 мај, но и на измените […]

А1 и Телеком се вклучија на протестот, од недела сите оператори со времени прекини на ТВ програмата

18 јуни 2020

Од недела (21 јуни), кабелските оператори во земјава ќе почнат со времени прекини на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали, со исклучок на Македонската телевизија (МТВ). Операторите тврдат дека протестот е поради неодржливата правна рамка и неприменливите, неодржливи и спротивни на ЕУ директивите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), што […]

Пратениците ги усвоија измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

17 февруари 2020

Со 68 гласови „за“, пратениците вчера ги усвоија предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Станува збор за осми по ред измени на овој закон од неговото донесување во 2013 година. Во изгласаниот член 1, на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странските телевизиски канали на начин и […]

Страна 1 од 3