Таг: Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
таг: Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“.
Здружението...
ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ
Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот закон со кој се предвидува кандидатите за членови во...
Манчевски: Медиумите треба да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта
Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по повод 3...
На собраниски комисии извештајот на СЈО и предлог-законот за АВМУ
Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова...
Предлог-законот за АВМУ повторно на мета на експертите и фелата
На денешната јавна расправа за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која беше организирана од Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието, експертите, новинарските здруженија и луѓе од медиумските дејности критикуваа решенија од текстот, за кои велат дека ќе ги влошат состојбите.
Според претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, тоа што за МРТ како јавен...
Во Собранието денеска предлог-законот за АВМУ
На 38-та седница во Собранието на Република Македонија денеска, покрај другите точки, пратениците треба да расправаат и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
По девет месеци од првите активности за донесување нов закон, кој треба да донесе департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис, односно Македонската радиотелевизија (МРТ), и регулаторното тело – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...
Владата го усвои Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Владата на Република Македонија на својата 55-та седница попладнево го усвоила Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), извести на Твитер-профилот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Од #седница на @vladamk: усвоен e Законот за аудио и аудио визуелни услуги. Следува процедура во @sobraniemk.
— Миле Бошњаковски (@portparolVRM) February 20, 2018
Сега Предлог-законот ќе биде испратен...
Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на владина седница
Во 12 часот Владата ќе ја одржи својата редовна 55-та седница на која ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде...
Манчевски: Владата не се меша, новинарите нека се договорат какви промени сакаат
„Владата во последно време беше прозивана дека сака да се меша во уредувачката политика на медиумите. Но, Владата не сака да ги контролира медиумите и ниту треба, ниту сака да биде мотор на реформите, туку само сакавме да овозможиме на новинарската бранша простор и механизам да се направат реформите на законот, на кој и ние претходно бевме жртви“, рече министерот...
Селмани: Манчевски кажува флоскули, а Владата сака да владее со медиумите
„Законот е премногу детализиран, до инфантилизирање, до карикатуралност, дотаму да се одредува која програма кога да се емитува. Со него се ограничува слободата на изразувањето и, уште повеќе, ќе се воведе цензура и автоцензура во медиумите“, наведе Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН) на денешната презентација на нивниот извештај „Проценка на ефектите на...
СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа.
„Поставувањето какви...
До крајот на ноември ќе биде финализиран законот за аудиовизуелни медиумски услуги
Министерството за информатичко општество и администрација вчера почна со подготовка на конечната верзија на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој, според роковникот на Владата, треба да биде готов до 30 ноември.
За донесување на законот во Собранието е потребно двотретинско мнозинство.
Една од причините за изменување и за дополнување на законот, како што се наведува во известувањето, е...
Селмани: Правдањето на Владата дека нема пари за МРТВ е неубедливо и несериозно
За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е неприфатливо тврдењето на Владата дека нема пари за финансирање на МРТВ со еден отсто од државниот буџет, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.
Здружението неодамна ги достави своите забелешки за измените и за дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од кои главната...