fbpx

Приватните телевизии на Пендаровски му пренесоа дека се задоволни од измените во Законот за АВМУ

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии, информираат од неговиот кабинет. Поводот за остварената средба се предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите.

Претставниците на националните телевизии на претседателот Пендаровски му укажале дека предложените измени во законот за нив се целосно прифатливи и очекуваат тие да бидат усвоени од страна на Собранието.

„Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, се вели во соопштението испратено од претседателскиот кабинет.

Со осмите по ред измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странски телевизиски канали на начин и под услови регулирани со членот 143 од Законот, односно со регулирани авторски и сродни права со телевизиите.

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови. За разлика од телевизиите, операторите излегоа со став дека не се согласуваат со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Издавањето учебници е комплексно, велат од МОН за учебникот кој стаса пред крајот на училишната година

Министерството за образование и наука (МОН) се огласи по повод последните случувања кои предизвикаа реакции во јавноста, кога на две недели пред крајот на учебната година, стаса новиот учебник...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download intex firmware
Download Premium WordPress Themes Free
download udemy paid course for free