сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: авторски права | 24 резултати

Американски музички издавачи го тужат Твитер поради масовно кршење на авторските права

јуни 15, 2023

Група од 17 музички издавачки куќи од САД го тужи Твитер, тврдејќи оти платформата овозможила прекршување на авторските права кои вклучуваат речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи сега бара отштета од повеќе од 250 милиони долари, објави „Врџ“. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Тенеси, се тврди дека компанијата „го храни својот […]

Првата издадена книга напишана со помош на вештачка интелигенција наиде на лавина реакции

јануари 18, 2023

Амаар Реши ја напиша и дизајнираше првата книга за деца во рок од 72 часа, користејќи ги ChatGPT и Midjourney, но користењето на генераторите на содржина со помош на вештачка интелигенција предизвика лавина од реакции кај уметниците, пишува Insider. Реши, менаџер за дизајн на производи во финансиско-технолошка компанија со седиште во Сан Франциско, изјавил за […]

Уметниците реагираат што илјадници слики генерирани со вештачка интелигенција го копираат нивниот стил

октомври 18, 2022

Грег Рутковски е уметник со специфичен стил и вели дека порано било навистина ретко да се видат слични дела на Интернет. Сепак, ако го пребарате неговото име на Твитер ќе видите многу слики во негов стил што тој не ги создал. Рутковски стана едно од најпопуларните имиња во уметноста со вештачка интелигенција (ВИ) и покрај […]

„Копирајт тролинг“ – заштита на авторски права или обид за замолчување на медиумите?

јуни 23, 2021

„Копирајт тролингот“ (copyright trolling) или злоупотребата на авторските права на голема врата влегува во земјава. Негативниот феномен што започна да се појавува кон средината на минатата деценија низ развиените земји се прошири и во Македонија, со закани на одредени личности и компании преку адвокатски друштва дека ќе покренат судски постапки против медиумски куќи поради прекршување […]

„Фејсбук“ ја повлече забраната за австралиските вести откако владата прифати амандмани на оспорениот закон

февруари 23, 2021

„Фејсбук“ ја промени одлуката и во наредните денови ќе ја укине забраната за објавување и споделување вести во Австралија, јавуваат Гардијан и Би-би-си. Одлуката доаѓа откако австралиската влада се согласи на компромис и прифати амандмани на оспорениот закон од технолошките компании, со кои компаниите што ги поседуваат социјалните мрежи и „Гугл“ мораа да им плаќаат […]

Гугл се закани дека ќе го повлече пребарувачот од Австралија ако треба да плаќа за објава на вести

јануари 22, 2021

Американската компанија Гугл се закани дека ќе ја отстрани можноста за пребарување содржини за граѓаните од Австралија доколку оваа земја не го повлече законот, со кој Гугл, Фејсбук и другите технолошки компании ќе треба да им плаќаат на медиумите за објавување на нивната медиумска содржина. Австралија е првата земја во светот која воведува закон кој […]

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

ноември 11, 2020

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за […]

Обвинувањата на телевизиите се неточни и тенденциозни, реагираат операторите

февруари 26, 2020

Здружението на информатичко-комуникациски технологии реагира на денешната прес-конференција на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) на која тие ги обвинија операторите за пиратерија и емитување на програма без авторски права, при што им создаваат нелојална конкуренција. „Најостро ги осудуваме неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА – Сител, Телма, Канал 5, […]

Пратениците ги усвоија измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

февруари 17, 2020

Со 68 гласови „за“, пратениците вчера ги усвоија предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Станува збор за осми по ред измени на овој закон од неговото донесување во 2013 година. Во изгласаниот член 1, на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странските телевизиски канали на начин и […]

Приватните телевизии на Пендаровски му пренесоа дека се задоволни од измените во Законот за АВМУ

февруари 7, 2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии, информираат од неговиот кабинет. Поводот за остварената средба се предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Претставниците на […]

Операторите и националните ТВ на Пендаровски ќе му ги кажат несогласувањата околу измените на Законот за АВМУ

февруари 6, 2020

Осмите по ред измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес се најдоа на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието. Со измените се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Законските измени всушност овозможуваат операторите да ги емитуваат телевизиските […]

Раководството на МРТ, делумно и државата, придонеле да се одлеат милиони евра јавни пари

мај 8, 2019

Шокантни се сознанијата од информациите што ги дава Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ – Скопје во смисла на индиции за сериозна неодговорност на раководниот тим на јавниот сервис во поглед на трошењето на парите на граѓаните и негрижата за имотот на јавното […]

На расправата во Собранието, прифатени осум амандмани на предлог-законот за личен доход

декември 11, 2018

Владата го прифати барањето на повеќе од 80 граѓански организации надоместоците на трошоци за настани од здруженија на граѓани да не се даночат, без разлика колку ќе траат. Зголемен е и износот за платената пракса кој е ослободен од оданочување, со намера да се стимулираат повисоки надоместоци за пракса. Се воведува даночно ослободување за патните трошоци […]

Правата за реемитување програма судрија дел од кабелските оператори и телевизиите

април 11, 2018

Правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која интересна група им припаѓаат. Најголеми се разликите меѓу националните телевизии на една и операторот „Телекабел“ на друга страна. Едните бараат затемнети телевизиски екрани и казни во случај кога операторот нема регулирано […]

Фоторепортерите почнаа битка со „копи пејст“ објавите, ги чекаат и новинарите

март 26, 2018

Фотографии, исти наслови, цели текстови копирани заедно со печатни грешки станаа секојдневие во македонските медиуми. Ретко кој го цитира и медиумиот кој прв објавил екслузивна вест. Какви алатки им стојат на располагање на новинарите и медиумските работници кога се во прашање авторските права? Опомени пред тужба за неовластено користење на авторски фотографии добија портали, но […]

ААВМУ не може да избегне одговорност за медиумскиот хаос, велат од Владата

март 5, 2018

Владата и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера и денеска разменија остри забелешки за проблемите во медиумската сфера во изминатиот период, по обвинувањето од министерот Роберт Поповски во петокот дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права. ААВМУ […]

Синдикатот на новинарите и правно ќе се бори за заштита на авторските права

декември 14, 2017

Кршењето на авторските права на новинарите, фоторепортерите и снимателите од страна на медиумите ќе биде предмет на правна помош и заштита од страна на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), беше соопштено на денешната прес конференција на Синдикатот. – Авторските права мора да се почитуваат и медиумите да престанат да бидат учесници во […]

„Бомбите“ на СДСМ ги отстранил корисникот што ги блокирал и видеата од „Шарената револуција“

јануари 25, 2017

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле отстранети по пријава од „ОМД Нетворк“, истиот корисник што претходно бараше да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“. Сепак, како што нагласува, по аргументација испратена до „Јутјуб“, видеоснимките биле вратени. „ОМД Нетворк“ е […]

СДСМ: Миноски противзаконски ја издал еврообврзницата без правно мислење

јули 23, 2016

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, велат во соопштение од СДСМ. Од партијата тврдат дека Миноски самиот признал дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. „Ова е скандалозно бидејќи министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е […]

Од УЈП очекуваат 400.000 пријави за данок, а поднесени се околу 145.000

март 3, 2016

До Управата за јавни приходи досега се доставени вкуно 145.475 годишни даночни пријави, а очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави. Граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, до 15 март 2016 година. Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или […]

Страна 1 од 1