fbpx

Обвинувањата на телевизиите се неточни и тенденциозни, реагираат операторите

-

Здружението на информатичко-комуникациски технологии реагира на денешната прес-конференција на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) на која тие ги обвинија операторите за пиратерија и емитување на програма без авторски права, при што им создаваат нелојална конкуренција.

„Најостро ги осудуваме неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА – Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М на днешната прес конференција. Со целосна одговорност тврдиме дека сите програми што се дел од пакетите на операторите се согласно домашната и меѓународната регулатива за реемитување на програми. Сите инсинуации за учество на операторите во „пиратство“ ги отфрламе како неточни, паушални и тенденциозни, за ваквите тврдења нашите членки ќе поведат соодветни судски постапки. Сите договори за реемитување со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава,“ велат од Здружението на ИКТ.

Според операторите, барањето на петте телевизии со закон да се наметне ограничување за странските канали за да можат да се реемитуаат во земјава значи „директно кршење на Директивата за реемитување и Директивата за „телевизија без граници“ и претставува обид за вовед во цензура“.

„Ваквиот јавно изкажан став на ММА јасно укажува дека мотивите и крајната цел за ваквото брзо носење на Измените на ЗААВМУ било токму притисокот со ваквиот Закон да се намали бројот на ТВ канали кои ќе се реемитуваат во земјава,“ се додава во соопштението.

Во однос на авторските права, ја потсетуваат јавноста дека тие се веќе регулирани со Законот за авторски и сродни права и со Кривичниот законик.

„Оттука, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, не само што не ја регулираат оваа проблематика, туку и дополнително ја усложнуваат, бидејќи создаваат правно неиздржани преседани. Операторите работат согласно сите закони и согласно директивите во ЕУ, а веќе посочивме дека ваквите измени се спротивни на директивите. За ова имаме и мислење од Европската комисија која укажува дека вакво законско решение не постои во ниту една земја членка на ЕУ,“ додаваат од Здружението на ИКТ.

Од таму го повторуваат нивниот став дека „последните Измени на Законот за АВМУ, усвоени по скратена постапка и непосредно пред распуштањето на Собранието, се донесени на нетранспарентен начини кој намерно оневозможи јавна дебата за сериозните и штетни последиците од нив и ги игнорираше сите укажувања на Здружението на ИКТ за нивната неприменливост и дека ќе ги принудат да го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали, освен јавниот сервис.“

Тие денеска имаат средба во Владата со техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...