понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: национални телевизии | 17 резултати

Српските телевизии за власта известуваат позитивно, за бојкотот на изборите негативно

јуни 10, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Регионалните и локалните телевизии од денеска во штрајк – и тие бараат помош од владата

јуни 3, 2020

Регионалните и локалните телевизиски станици кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, а се членки на здружението „Медиум објектив“, од денеска стапуваат во штрајк со едночасовен прекин на програма во периодот од 19 до 20 часот. Штрајкот ќе трае секојдневно, а во позадината на црниот екран ќе биде испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков […]

Новинарската заедница реагира: Фондот за поддршка на медиумите мириса на корупција

мај 27, 2020

Новинарските организации и кабелските оператори се вознемирени од владината најава за формирање фонд за помош на медиумите поради кризата со корона-вирусот, бидејќи таквата мерка може да влијае врз независноста на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во принцип се против јавни пари во медиумите, особено […]

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ најгледани, граѓаните пред телевизор најмногу следат вести

мај 12, 2020

Најголем дел од македонските граѓани редовно гледаат телевизија, при што најмногу внимание посветуваат на следењето вести и информативна програма на телевизиските канали. Во првиот квартал од 2020 година, најгледани домашни телевизиски канали биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“, се наведува во Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци […]

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

март 27, 2020

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, […]

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

март 17, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна комисија (ДИК). Следењето на работата на медиумите ќе продолжи во претстојниот период, за што ААВМУ […]

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

март 10, 2020

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат […]

Пратениците ги усвоија измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

февруари 17, 2020

Со 68 гласови „за“, пратениците вчера ги усвоија предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Станува збор за осми по ред измени на овој закон од неговото донесување во 2013 година. Во изгласаниот член 1, на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странските телевизиски канали на начин и […]

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

февруари 13, 2020

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари […]

Приватните телевизии на Пендаровски му пренесоа дека се задоволни од измените во Законот за АВМУ

февруари 7, 2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии, информираат од неговиот кабинет. Поводот за остварената средба се предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Претставниците на […]

Операторите и националните ТВ на Пендаровски ќе му ги кажат несогласувањата околу измените на Законот за АВМУ

февруари 6, 2020

Осмите по ред измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес се најдоа на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието. Со измените се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Законските измени всушност овозможуваат операторите да ги емитуваат телевизиските […]

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ лани биле најгледани, граѓаните најмногу следеле вести

јануари 17, 2020

Македонските граѓани на телевизиските канали лани најмногу гледале вести и информативна програма, при што „Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ се трите најгледани телевизии во 2019 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици. Дури 32,1 отсто […]

Виси на конец судбината на повеќе од 1.800 вработени во грчките телевизии

септември 4, 2016

Повеќе од 1.800 новинари, техничари и вработени во грчките телевизии може да останат на улица поради новите измени во грчкиот телевизиски простор. Судбината на телевизиите што не успеаја да обезбедат национални телевизиски концесии, виси во воздух и илјадници новинари не знаат што ќе се случува со нив откако ќе поминат трите месеци неопходни за да се спроведат […]

Страна 1 од 1