fbpx

Речиси третина од граѓаните не гледаат телевизија, „Сител“ и во третиот квартал најгледан ТВ канал

-

Македонските граѓани сè помалку време минуваат пред телевизиските екрани, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот јули-септември 2020 година. Дури 30,7 отсто од анкетираните лица одговориле негативно на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Интересно е дека овој податок се однесува за периодот во кој се одвиваше предизборната кампања и на 15 јули се одржаа предвремените парламентарни избори во земјава, заедно со актуелните случувања поврзани со пандемијата на ковид-19.

Во спроведената анкета, најголем дел од граѓаните на државно ниво (41,7 отсто) одговориле дека гледале телевизија за да ги проследат вестите, додека 24,3 отсто од анкетираните гледале информативна програма на телевизиските канали.

На прашањето „Кои домашни и странски ТВ канали ги гледавте вчера?“, 47,13 отсто од испитаниците одговориле дека ја гледале телевизија „Сител“, 43,75 отсто се одлучиле за „Канал 5“, додека 26,96 отсто од анкетираните лица ја избрале „МТВ 1“. На листата на најгледани телевизии следат „Телма“ (20,92 отсто), „Алфа“ (20,75 отсто), „Алсат-М“ (19,25 отсто), „ТВ 24 Вести“ (11,88 отсто), „МТВ 2“ (9,5 отсто) и „МТВ 3“ (6,46 отсто).

Идентичен е распоредот на гледаноста на телевизиските канали и во делот на одговорот на прашањето за тоа кои домашни и странски телевизиски канали ги гледале граѓаните во текот на минатата недела.

Анкетата на ААВМУ е направена на репрезентативен примерок од 2.400 испитаници на национално ниво, при што истражувањето е извршено со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер и со користење на полу-структуриран прашалник. ААВМУ четири пати годишно врши редовни анкети за секој квартал одделно, а еднаш годишно изготвува и годишен извештај за гледаноста на телевизиите во земјава.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...