fbpx

Пред изборите и за време на короната најгледани телевизии биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“

-

Трите домашни телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледаните радиодифузери за време на епидемијата со корона вирусот во земјава, како и во периодот пред одржувањето на парламентарните избори, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоците за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиите во вториот квартал од 2020 година.

На прашањето „Кои домашни и странски ТВ канали ги гледавте вчера?“, 50,46 отсто од анкетираните лица одговориле дека ја гледале телевизија „Сител“, 47,39 отсто се одлучиле за „Канал 5“, додека 25,98 отсто од нив одговориле дека ја гледале „МТВ 1“. На листата на најгледани телевизиски канали следат „Телма“ со 21,78 отсто, „Алфа“ со 20,71 отсто, „Алсат-М“ со 17,43 отсто, „24 Вести“ со 11,37 отсто, „МТВ 2“ со 10,46 отсто и „МТВ 3“ ја следеле 7,51 отсто од анкетираните лица.

Идентичен е распоредот на гледаноста на телевизиските канали и во делот на одговорот на прашањето за тоа кои домашни и странски телевизиски канали ги гледале граѓаните во текот на минатата недела.

Притоа, податоците од анкетното истражување на ААВМУ покажуваат дека 72,6 отсто од испитаниците позитивно одговориле на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Наспроти нив, 27,4 отсто од анкетираните одговориле дека не следеле телевизиска програма.

Како и досега, и во периодот на пандемијата со корона вирус и пред одржувањето на изборите најголем дел од граѓаните ги следеле телевизиските канали за да се информираат. Па така, 46,5 отсто од анкетираните лица одговориле дека гледале вести на телевизија, додека 24,8 отсто од нив изјавиле дека на ТВ каналите следеле информативна програма. Само 7,8 отсто од испитаниците одговориле дека телевизиските екрани ги вклучиле за гледање забавна и/или музичка програма.

Анкетата на ААВМУ е направена на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници на национално ниво, при што истражувањето е извршено со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер и со користење на полу-структуриран прашалник. ААВМУ четири пати годишно врши редовни анкети за секој квартал одделно, а еднаш годишно изготвува и годишен извештај за гледаноста на телевизиите во земјава.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...