Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата на СЈО.

Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници. Ќе се разгледуваат и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, во второ читање.

Членовите на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледаат извештаите на двете институции за работата во 2017 година, како и програмата за работата на УБК за оваа година.

Предлог – законот за изменување и дополнување на законот за оружјето во второ читање, како и предлог – законот за странци се во прво читање пред Комисијата за одбрана и безбедност.

Пратениците од Комисијата за труд и социјална политика ќе расправат за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вработување инвалидни лица во прво читање.