сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: МРТ | 142 резултати

Реформите на МРТ стојат во место, приходите и бројот на вработени продолжува да опаѓа [инфографик]

10 април 2022

Нема позитивни придвижувања за решавање на проблемите со кои се соочуваа Македонската радио-телевизија, реформите стојат во место, а со текот на времето се појавуваат нови, дополнителни предизвици што го доведуваат во прашање нормалното функционирање на јавниот радиодифузен сервис на земјава. Најновиот мониторинг-извештај со наслов „Следење на процесот на евроинтеграции: Реформи во Јавната администрација“ изработен од […]

Жирито пресуди – Андреа со песната „Circles“ е нашиот претставник на Евровизија 2022

5 февруари 2022

Вчера, во емисијата „Стисни плеј“ во просториите на Македонската радио-телевизија, беше изгласана конечната одлука за нашиот евровизиски претставник, според гласовите на жирито, Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Торино. Годинава за прв пат по седум години, организаторот на Националниот избор, МРТ го врати натпреварувачкиот карактер на изборот за претставничка […]

Вечерва се бира евровизискиот претставник, организаторите смируваат дека онлајн гласањето е легитимно

4 февруари 2022

Вечерва ќе биде познато кој ќе ја претставува Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија што во мај ќе се одржи во Торино, Италија. Победникот ќе го одлучат гласовите на публиката и на меѓународното стручно жири. За првпат по седум години, Македонската радио телевизија (МРТ) која е организатор на Националниот избор, го врати натпреварувачкиот […]

Вистиномер: Националните медиуми не покриваат две третини од граѓаните со дописници од нивните места на живеење

25 јануари 2022

Бројот на дописници од внатрешноста на државата е сведен на минимум. Македонската радио телевизија едвај има вработено неколку новинари од внатрешноста, додека приватните телевизии, земаат информации од хонорарно ангажирани новинари, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Неосигурани, без договори за работа, со сопствено возило и опрема, секојдневно на работа се упатуваат малкумина […]

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

21 декември 2021

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата […]

Вистиномер: Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

11 ноември 2021

Финансирањето на приватните медиуми со јавни пари е сѐ уште изразен проблем во Северна Македонија и покрај тоа што по парламентарните избори во 2016 г. и формирањето на политичката коалиција што ја раководи земјата од 2017 година, беше договорено и ветувано таквата пракса да прекине. Ова, меѓу другото, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за […]

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

25 октомври 2021

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот […]

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

2 мај 2021

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. […]

Музичкото радио Канал 103 на 1 мај ќе ја исклучи програмата во знак на протест за игноранцијата на МРТ и Владата

29 април 2021

Музичкото радио Канал 103 на 1 мај, на денот на одбележувањето 30 години постоење ќе го исклучи радио-стримингот и ќе емитува молк во времетраење од 24 часа во знак на протест, за како што велат, „против глупоста, културната неписменост, глувоста и игноранцијата на оние што се повикани и одговорни да ги одржуваат и негуваат докажаните […]

Едукативен центар за новинари, развиена дописничка мрежа и присуство на социјалните мрежи – МРТ го планира развојот до 2025

29 март 2021

Македонската радио-телевизија (МРТ) ја објави Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис за периодот до 2025 година. Неколку значајни новини предвидува МРТ во нејзиното работење во наредните пет години, со кои се надеваат дека јавниот сервис ќе има многу поголема улога во општествениот развој и севкупните случувања во земјава. Планиран е натамошен развој на дописничката […]

МРТ одлучи Гарванлиев да остане македонски претставник на Евросонг 2021

23 март 2021

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија на 19 март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на годинешниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при […]

МРТ и Бугарската национална телевизија ќе соработуваат со размена на телевизиска програма

11 март 2021

Директорот на Македонската-радио телевизија (МРТ) Марјан Цветковски и директорот на Бугарската национална телевизија (БНТ) Емил Кошлуков вчера го потпишаа Меморандумот за разбирање, со кој двата јавни сервиса се обврзаа на реципрочна размена на телевизиска продукција. МРТ и БНТ ќе вршат размена на вести, детски, забавни, културни и образовни програми, јавува МРТ. Македонската радио-телевизија наскоро сака […]

Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија

5 февруари 2021

Специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски за телевизија Телма потврдил дека е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски Телеком, во кој државата има свој удел. Истовремено, сателитскиот канал на Македонската телевизија да се реемитува на […]

Владата ѝ додели на МРТ 90 милиони денари за програмски и технолошки развој, вработените добија К-15 за 2020 година

13 јануари 2021

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот од минатата година доби финансиски средства од Владата во висина од 90 милиони денари за програмски и техничко-технолошки развој, додека пак вработените од јавниот сервис добија К-15 за 2020 година. Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана пред новогодишната ноќ ги усвоил измените и дополнувањата на Финанскиот план на јавниот […]

Јавните пари во медиумите и состојбата со МРТ се актуелни, но со делумно исполнети препораки на Прибе

29 декември 2020

Медиумските експерти, новинарите и менаџерите на медиумите денеска развија опширна дебата околу прашањата за јавните пари во медиумите и состојбата во која се наоѓа Македонската-радио телевизија (МРТ), во рамките на настанот „До каде сме со медиумските реформи?“, што ја организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и во чии рамки се презентираше финалниот мониторинг извештај […]

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

25 декември 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да […]

Објавен периодичниот извештај за исполнувањето на Итните реформски приоритети од областа на медиумите

23 декември 2020

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, го објави периодичниот извештај кој ги презентира генералните резултати од набљудувањето на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) од областа на медиумите за периодот од 15 август 2020 до 15 декември 2020 година, во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – […]

МРТ со интерни огласи пополнува испразнети места, не може да добие дозвола за нови вработувања

26 ноември 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) распиша 26 интерни огласи за вработените од оваа куќа во насока на пополнување на испразнети работни позиции и за унапредување на вработени во својата професионална кариера. Воедно, со ваквите огласи ќе се реши неправдата со оние професионалци кои се вработени со години наназад во МРТ, а кои со досегашната систематизација биле поставени […]

МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година

24 ноември 2020

Со предлог-буџетот за 2021 година, Министерство за информатичко општество и администрација планира да одвои 670,5 милиони денари (10,9 милиони евра) од државниот буџет за Македонската-радио телевизија. Ова е намалување од 223,5 милиони денари (3,6 милиони евра), наспроти 894 милиони денари (14,5 милиони евра) кои за јавниот сервис беа одвоени во буџетот за годинава. Министерот за […]

Пет години тапка во место реформата во МРТ

17 ноември 2020

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. […]

Страна 1 од 7