Директорот на Македонската-радио телевизија (МРТ) Марјан Цветковски и директорот на Бугарската национална телевизија (БНТ) Емил Кошлуков вчера го потпишаа Меморандумот за разбирање, со кој двата јавни сервиса се обврзаа на реципрочна размена на телевизиска продукција. МРТ и БНТ ќе вршат размена на вести, детски, забавни, културни и образовни програми, јавува МРТ.

Македонската радио-телевизија наскоро сака да отвори дописништво во Софија, а директорот на МРТ Цветковски се надева дека и БНТ ќе отвори свое дописништво во Скопје.

Директорот на БНТ, Емил Кошлуков изјави дека со договорот двата народа можат да се запознаат и слушнат едни за други, тие да направат убави репортажи за Македонија, но и граѓаните од земјава да гледаат репортажи за бугарски места.