Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк.

Ова е оценка на Виолета Глигороска, од Фондацијата Метаморфозис, во врска со фактот дека нема законски измени според кои изборот на овие членови требаше да биде со 61 глас, но постапката сепак ќе беше иста – сеопфатна, транспарентна и отчетна. Ова, според проценките, ќе гарантираше професионалност и независност.

Глигороска смета дека изборот на овие членови на овој начин остава простор да се размислува за две работи: Или владата и опозицијата веќе се договориле; или, пак,  МРТ и ААВМУ повторно нема да имаат функционални раководни тела.

„Особено, го истакнувам овој показател поради досегашното искуство во работата на пратениците од сите партии, кои во сè гледаат можности да ја попречат работата, да се направи пазар; наместо да ја промовираат нивната култура и политичка свест и да ја вршат работата за која се платени“, вели Глигороска.

Член 14, став 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за ова прашање гласи: „Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Советот со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на немнозинските заедници во Република Северна Македонија”.

Парламентарната блокада и недостигот на кворум за гласање на законите и одлуките го одложија изборот на новиот совет на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и новиот програмски совет на МРТ. Одлуките за објавување нови работни места за членови на овие две тела, чиј мандат истече пред две години, беа на дневен ред на 39-та седница, која сè уште трае во парламентот.

СДСМ и ВМРО постојано се обвинуваат меѓусебно за недостиг на волја за промена на овој закон. Владејачката македонска партија повеќепати ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека е против реформите во медиумите, против силни, независни и професионални институции. СДСМ бараше за да се надмине ова, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да поднесат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на ААВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Пред неколку дена, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека треба да се отвори конкурс за членови, бидејќи СДСМ беа тие што го повлекоа Законот со кој се бараше изборот на членови да се врши со 61 глас. Од друга страна, Јован Митревски од СДСМ рече дека ќе се обидат членовите на Програмскиот совет на МРТ и Агенцијата за медиуми да ги бидат професионалци.

„Се надевам дека конкурсот и јавната дискусија, како што е дефинирано со закон ќе се одвиваат на најдобар начин, дека ќе се пријават квалитетни кандидати, и ќе бидат избрани најквалитетните. Кога зборуваме за ААВМУ, за Програмскиот совет на МРТ и сите други тела, јас сакам да зборувам за професионализам“, рече Јован Митревски.

Но, еден ден подоцна, на 22 април, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека е потребно да се одржат избори согласно новите законски одредби, кои ќе подразбираат департизација и професионализација на Советот на ААВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.

„Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформите во медиумите и промовирање на демократски вредности во земјата. Без оглед дали ова му се допаѓа на ВМРО или не, реформите мора да продолжат во интерес на државата, граѓаните, но и медиумите“, рече Костадинов.

Многу е нејасно што ќе се случи, бидејќи се чини дека самите претставници на владејачката партија се контрадикторни во нивните настапи.

Изборот на нови членови на ААВМУ и МРТ од страна на Собранието се одолговлекува веќе две години, токму поради фактот што двете македонски партии не наоѓаат заеднички јазик.