fbpx

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека 12,87 отсто за избор на претседател

-

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека 12,87 отсто за избор на претседател.

На парламентарните избори досега гласале 244.325 гласачи. Најголем број во Изборната единица број 3, 17,59 отсто или 48.280, а најмалку во Изборната едница број 6, 8,59 отсто или 27.142 гласачи.

За избор на претседател до 11 часот гласале 222.666 гласачи, од кои најголем процент во Крива Паланка 27,99 отсто, Пробиштип 24,89 и Демир Капија, 23 отсто. Најмал одѕив на претседателските избори има во општините Липково 1,76 отсто, Врапчиште 2,37, Боговиње 2, 24, Желино 3,07, Арачиново 3,44 и Сарај, 4,08 отсто.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...