fbpx

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Во општините Боговиње и Врапчиште, одѕивот на гласачите бил под 2 отсто, односно 1,43 или 1,61 отсто. Во Желино е 2,11, а во Кичево 2,58 излезност до 9 часот

-

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните избори до 9 часот е во Изборната единица број 6, каде одѕивот на граѓаните е 2,62 отсто. Во општините Боговиње и Врапчиште, одѕивот на гласачите бил под 2 отсто, односно 1,43 или 1,61 отсто. Во Желино е 2,11, а во Кичево 2,58 излезност до 9 часот.

Во овие општини е најмал одѕивот и за претседателските избори, Боговиње со 0,57 отсто, Врапчиште 0,84, Желино 1,10, Кичево 2,88 отсто до 9 часот. Малку избирачи излегле и во Сарај, 1,61 отсто и во Струга, 1,93 отсто.

„Споредбено со вториот круг од претседателските избори од 2019 година се бележи намалување на излезноста од 1,99 на овие избори“, соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезност до 9 часот за парламентарните избори има во Изборната единица број 3, 6,42 отсто, следува Изборната единица 4 со 5,77 отсто и Изборната едница 1 со 4,83 отсто. Најголемата излезност била во општината Кривигаштани каде гласале 9,46 отсто од гласачите.

Најголема излезност за претседателските избори има во Демир Капија, 10,42, Крива Паланка, 9,81, Пробиштип 9,12 отсто и Македонски Брод 8,93 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...